Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хил: Во Србија реално е формирање на ЗСО во Косово до крајот на годината

0
By Ана Василевска on February 8, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН, СВЕТ
Фото: aroj.net
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил денеска изјави дека САД инсистираат да се спроведе сè што е договорено во Бриселскиот договор и изрази уверување дека е реално да се очекува формирање на Заедницата на српските општини до крајот на годинава.

„Основното прашање е да се позанимаваме со она што се нарекува Заедница на српски општини, што произлегува од првичниот бриселски договор, изјави Хил за телевизијата К1, нагласувајќи дека тој апсолутно мора да се спроведе за луѓето да имаат доверба во идните договори“, пренесе Бета.

Зборувајќи за рокот за формирање на ЗСО, Хил изјави дека „смета дека се зборува за разумни рокови кога се вели дека тоа е можно до крајот на годината“.

„Сепак, не сум сигурен дека можеме да зборуваме дури и за рокови, но луѓето треба да прават нешто секој ден за да се дојде до решение. Но, мислам дека е реално да се предложи сето тоа да се случи оваа година. Мислам дека оваа година е значајна година и француско-германскиот предлог е позитивен и може да се спроведе“, додаде тој.

Хил истакна дека кога станува збор за косовското прашање, САД „апсолутно го поддржуваат она што го направија Европејците, особено предлогот што доаѓа од Французите и Германците“ и дека се обидуваат да стават до знаење дека сакаат да бидат дел од процесот и гаранција за исходот од преговорите.

Тој рече дека решението за косовското прашање е решение за Србија, решение на Балканот, но и решение за Европа.

„САД имаат долгорочни интереси во овој континент и овој регион. Она што треба да го направиме е да работиме со Европејците на решение за тие проблеми“, посочи американскиот амбасадор.

Тој додаде дека Вашингтонскиот договор не треба да се заобиколи бидејќи „таму се разговарало за многу важни работи како што е економијата за да се осигура дека Приштина и Белград можат да решат некои прашања кои директно влијаат на животот на луѓето на терен“.

Александар Вучиќ Заедницата на српските општини на Косово Кристофер Хил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.