Хилари Клинтон се очекува денеска да ја објави кандидатурата за претседател на Соединетите Американски Држави (САД), јавуваат медиумите преку океанот.
Американските медиуми тврдат дека Хилари во недела ќе ја објави кандидатурата за изборите коишто ќе одржат идната година. Извори блиски до поранешната прва дама на Америка информираат Клинтон ќе ја објави кандидатурата преку видео кое ќе го пласира преку социјалните медиуми. Таа ќе биде кандидатка на Демократската партија, а следната недела ќе отпатува во Њу Хемшир, Ајова од каде и неофицијално ќе ја почне изборната трка.
Портпаролот на Хилари Клинтон сѐ уште не ги коментирал овие информации, а доколку Американците ја изберат таа ќе биде првата жена претседател во историјата на САД.
Нејзиниот сопруг Бил Клинтон беше претседател во два мандата од 1993 до 2001 година.




