Хилари Клинтон победи на последните внатрепартиски избори за кандидат на Демократската партија за претседател на САД, кои вчера се одржаа во Вашингтон.
Со тоа таа стави крај на дилемите кој ќе ја добие номинацијата.
Победата над нејзиниот партиски противкандидат Берни Сандерс е симболична, бидејќи уште минатата недела Клинтон обезбеди доволен глас од делегатите за да биде номинирана за кандидат на партиската конвенција што же се одржи во Филаделфија следниот месец.
Вчера Клинтон освои 78,7 отсто од гласовите во Вашингтон, на преброени околу 65 проценти.
По синоќешното гласање, Клинтон и Сандрес имале едноипол часовна средба. Според тимот на Клинтон, состанокот бил позитивен и се однесувал на предизборната кампања, за партијата и за „опасностите по САД што ги носи Доналд Трамп“.
Пред затворањето на избирачките места, Сандрес пред поддржувачите изјави дека ќе направи се за да спречи републиканскиот кандидат Трамп да стигне до Белата куќа, но не и даде поддршка на Клинтон.




