Демократската кандидатка на американските претседателски избори, Хилари Клинтон, ќе напише книга за изборната кампања и поразот од републиканецот Доналд Трамп.
Поранешниот државен секретар, сенаторка и прва дама работи на збирка лични приказни во кои, меѓу другото, ќе раскаже и за претседателската кампања во САД, соопшти издавачката кужа „Сајмон и Шустер“.
Книгата ќе биде објавена наесен и ќе биде инспирирана од нејзините најпознати цитати.
Хилари Клинтон ќе објави и ново илустрирано издание на бестселерот „ It takes a Village” за помлади читатели.
Хилари Клинтон ќе ја продолжи соработката со агенцијата „Хари Вакер“, преку која реализираше платени говори со кои во текот на кампањата го критикуваше нејзиниот противкандидат Берни Сандерс.