Хилари Клинтон победи на внатрепартиски избори на Демократската партија во Невада, јавуваат странските медиуми.
Таа освои 52 отсто од гласовите , додека нејзиниот ривал Берни Сандерс, 48%. Клинтон на социјалните мрежи се заблагодари на сите во Невада кои гласаа за неа.
To everyone who turned out in every corner of Nevada with determination and heart: This is your win. Thank you. -H
— Hillary Clinton (@HillaryClinton) February 20, 2016
Во меѓувреме и Доналд Трамп очекува триумф меѓу републиканските гласачи во сојузната држава Јужна Каролина.
Резултатите од овие гласања ќе имаат значително влијание врз натамошните избори во партиите, коишто траат до јуни, по што ќе бидат именувани кандидатите на Републиканската и на Демократската партија за новиот станар на Белата куќа.
Клинтон очекуваше лесна победа во Невада, откако претрпи убедлив непријатен пораз во Њу Хемпшир и по многу тесната победа во Ајова, во борбата со сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, кој истапува со антиелитистички пораки и критики за Волстрит со што ги привлекува младите демократски гласачи.
Клинтон на предизборите во 2008 година во Невада го победи актуелниот претседател Барак Обама, и смета на поддршката на афроамериканците, хиспаноамериканците и азијатите, кои сочинуваат половина од населението во Невада.
Републиканците своите предизбори во Невада ќе ги одржат во вторник, а демократите своите во Јужна Каролина следната сабота.




