Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хирурзи од „8 Септември“ најавуваат прекин на операции ако не проработат сите операциони сали

0
By НОВА ТВ on September 24, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хирурзите бараат да работат шест, а не само две сали за операции, за пациентите да можат да добијат интервенции. Директорот на ГОБ „8 Септември“ вели дека кадарот е распределен во ковид – одделенијата. Министерот за здравство, Венко Филипче најави состанок со хирурзите за да се надминат проблемите во болницата.

Хирурзи од градската општа болница „8 Септември“ за в понеделник најавија штрајк, односно прекинување со опеациите, ако директорот Христијан Костов не им создаде услоби за хируршки интервенции кои не се сметаат за итни. Хирурзите во отворено писмо изразуваат незадоволство што дневно во само две сали се вршат операции, наместо во полн капацитет – во шест операциони сали.

– Јасно е дека со настанатата ситуација со пандемијата капацитетите ќе бидат намалени, но ова е под реално можно ниво и резултира со тоа што пациентите кои не се во животозагрозувачка позиција не можат да добијат термин за хируршка интервенција, велат хирурзите во писмото.

За состојбата предупредуваат преку отворено писмо до медиумите, Министерството за здравство и Владата, бидејќи, како што велат, не можат да дојдат до директорот на болницата, Христијан Костов.

– Ние вработените на хируршките одделенија решивме да ви се обратиме преку ова отворено писмо поради целосно исцрпување на можностите да добиеме прием како хируршки колектив и лично да разговараме со директорот Христијан Костовза долготрајниот проблем за функционирањето на хируршките сали во болницата. Бараме да се овозможат услови во болницата да може истата да им пружи здравствена хируршка заштита на поголем број пациенти чии болести не исчезнуваат поради пандемијата. Од страна на вработените беа понудени неколку решенија за реорганизација на работата за да се постигне поголема ефикасност, но истите или не се стигнати до директорот или истиот не ги спроведува ниту предложува други решенија, се наведува во писмото на хирурзите.

Директорот Костов вели дека ја разбира потребата за зголемување на бројот на салите за операции. Според него, сепак тоа сега не е можно, бидејќи дел од персоналот е ангажиран во ковид – одделенијата.

– Согласно бројот на анестезиолози, земајќи го предвид и бројот на оправдано отсутни заради болест, нивниот ангажман во ковид-одделенијата, редуцираниот број хируршки одделенија заради зголемување на капацитетот на одделенија за лекување на ковид-позитивни пациенти во кои е потребен поголем број на медицински персонал, согласно препораките на Министерството за здравство, ставен е акцент на оперативно лекување на пациенти кај кои одложувањето на оперативните интервенции би довело до загрозување на нивниот живот (малигноми и фрактури), се наведува во соопштението на директорот на ГОБ „8 Септември“, Христијан Костов.

Истиот став го дели и министерот за здравство, Венко Филипче. Тој во интервју за Канал 5 вели дека намален е обемот на работа во сите јавни здравствени установи, вклучувајќи ја и ГОБ „8 Септември“, бидејќи голем дел од кадарот ротира за третман на пациенти заразени од Ковид – 19. Филипче рече дека е разговарано со лекарите кои имаат незадоволство поради начинот на работењето.

– Дефинитивно има механизми сето тоа да се измени. Во текот на денешниот ден ги очекувам на состанок за да ги решиме сите проблеми. Верувам дека сето тоа ќе се реши и незадоволството ќе спласне, рече министерот за здравство, Венко Филипче.

Филипче се сретна со хирурзите од „8 Септември“, најдено е привремено решение за операционите сали

ГОБ „8 септември“ операции хирурзи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.