Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хјуман Рајтс: Полициските рации се доказ за авторитарноста на Унгарија

0
By Нова ТВ on September 10, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 10, 2014 15:13

Унгарската влада направи уште еден чекор кон заплашување на граѓанското општество се вели во извештајот на Хјуман Рајтс. Во понеделникот, во утринските часови, десетина полицајци упаднаа во канцелариите на две невладини организации во Будимпешта.

Двете групи, Окотарс и Демнет се дел од невладиниот конзорциум кој раководи странски донаторски пари за граѓанските организации во Унгарија.

Според текст објавен на социјалните медиуми од раководителот на организацијата Демнет, неговите вработени биле спречени од полицијата да ги користат своите телефони додека полицијата била во просториите, а нивните лаптопи и сервери биле конфискувани од полицијата.

Полициските извори објавиле дека причина за рацијата била „проневера и неовластена финансиска активност“ извршени од „непознат сторител“.

Демонстрантите после ова се обрале пред канцелариите на Окотар во Будимпешта.

Ова е само последниот напад на унгарската влада врз граѓанското општество. Во мај владата нареди ненајавена финансиска инспекција на организациите врз кои беа спроведени рациите.

Во тоа време, Унгарија ја обвини Норвешка дека се меша во нејзината внатрешна политика преку финансирање на унгарските невладини организации.

Поврзано со рацијата од мај, Окотарс беше обвинета за тоа дека е „тесно поврзана“ со опозициската партија.

НВО и организациите кои користат грантови, меѓу кои се вбројуваат и истакнати организации за човекови права и борба против корупција, беа под истрага од унгарската влада за наводна организирана измама.

Ова само е уште еден доказ за авторитарноста на Унгарија се вели во извештајот на Хјуман Рајтс, особено откако владата доби нов мандат во април.

Во јули, премиерот Виктор Орбан отиде толку далеку што се изјасни дека сака да стави крај на либералната демократија во Унгарија.

За овие потези се пишуваше во колумни на Њујорк Тајмс и Вашингтон пост, но Европа останува без коментар.

Советот на Европската комисија за човекови права испрати писмо на 9-ти јули упатено кон унгарската влада осудувајќи ја владината стигматизирачка реторика и нејзините преиспитувања за легитимитетот на НВО.

Европската унија не реагираше за притисоците кон невладините организации и одби да го коментира говорот на премиерот Орбан од јули.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.