Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хјуман Рајтс Воч: Имигрантите во Грција се несакани гости

0
By Светлана Јовановска on June 12, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 12, 2013 13:00

Имигрантите во Грција се несакани гости кои тамошната полиција ги сопира и апси најчесто без да има причина за тоа, се вели во денешниот извештај на Хуман Рајтс Воч, организацијата за заштита на човековите права.

Во извештајот се вели дека полицијата ги сопира луѓето кои наликуваат на странци, ги пребаруваат, ги навредуваат а во некои случаи се документирани и физички злоставувања и долги држења во притвор.

Ксенио Зевс е името на операцијата за контрола на нелегалната миграција во Грција.

„Иронично е тоа што операцијата го носи името на овој бог на гостопримството од античката историја. Операцијата воопшто не е гостопримлива за оние кои се имигранти и бараат статус на азиланти кои редовно се сопирани, претресувани и затворани поради начинот на кој што изгледаат“, вели Ева Косе, специјалист за Грција во Хуман Рајтс Воч.

Во периодот помеѓу август 2012 година и февруари 2013 година полицијата одвела 85.000 странци во полиција за да го провери нивниот статус а од сите нив само 6 проценти ги немале документите за престој.

Најголемиот број од нив имаат законско право да престојуваат во Грција а биле сопирани затоа што се азиланти, странци со регулиран престој или Грци со странско потекло.
Хуман Рајтс Воч наведува примери на лица кои имале допир со полицијата.

Според Типак, 19 годишен Гвинеец сведочи дека во февруари полицијата го исфрлила надвор од автобус заедно си повеќе лица велејќи: “Сите црнци надвор!“

Според грчкиот закон полицијата има право да сопира луѓе и да бара да го потврдат својот идентитет и кога за тоа нема сомнение за криминал. Но, грчката полиција нема обука за имиграција и сето тоа остава простор за злоупотреби.

Од 2000 година Грција стана главен влез за баратели на азил од Азија и Африка за ЕУ. Лошото менаџирање на оваа проблематика, комбинирано со економската криза, ја смени демографијата на Атина каде што има многу странци кои живеат во тешка сиромаштија.

Криминалот и урбаната дегарадација се дел од секојдевните разговори и дел од политичките декларации, вели Хјуман Рајтс Воч.

Но, и покрај тоа што е дозволена со законот, операцијата Ксениос Зевс е загрижува поради непропорционалноста на мерки што ги користи.

Организацијата бара од Грција да прекине со оваа операција.

“Владата треба да донесе законски мерки и политички реформи со кои сите мерки за идентификување на илегални имигранти ќе се води според националните и интернационалните стандарди во кои нема место за дискриминација а тука треба да се стави крај и на ентичкото профилирање и арбитратното одземање на слободата“вели организацијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.