Денеска е денот за обожавателите на фантастично- епските авантури на Питер Џексон.
Филмот „Хобит: Неочекувано патување”, во осум, односно десет термини за викенд, ќе биде прикажан на редовниот репертоар на киното Cineplexx. Гледачите во Скопје ќе можат да го видат само во 2Д.

Случувањата во филмот се сместени во Средната земја, шеесет години пред „Господарот на прстените”.

Билбо започнува возбудлив потфат, да го врати изгубеното кралство на џуџињата на Еребор од канџите на страшниот змеј Шмауг. На волшебникот Гандалф му се придружува и дружината од тринаесет џуџиња, предводени од легендарниот воин Торин Дабовштит.
Патот ќе ги доведе во дивината, низ опустошената земја која ја разорале Гоблини и Орки.
Режисерот Питер Џексон и за оваа нова сага ги ангажираше истите актери од „Господар на прстените.