Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хоџа: Гарантирам дека ќе се откупи целото произведено грозје

0
By Ivana on September 5, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 5, 2021 11:16

Гарантирам дека ќе се откупи целото произведено грозје, Министерството за земјоделство е секогаш отворено за сите проблеми на лозарите, им рече денеска министерот Арјанит Хоџа, на производители на грозје кои излегоа на протест во Неготино

– Жал ми е што протестирате бидејќи вратите на Министерството за земјоделство се отворени да дојдете да разговараме. Но, еве сме тука, го имате целото наше внимание. Слободно кажете кои се проблемите. Ние како и секогаш, стоиме на располагање за решавање на сите проблеми на земјоделците, па и на лозарите, рече министерот, одговарајќи им на присутните лозари на нивните прашања.

Тој рече дека дошле да ги слушнат барањата на лозарите кои протестираа.

– Се договоривме протестот да прекине, до среда ќе им се одговори на нивните барања. Им кажав дека поголем дел од поголемите винарски визби одредиле цени за грозје од оваа реколта. Им го кажав ставот на Министерството и на Владата дека остануваат дополнителните два денара за килограм, се работи на тоа, тоа да важи за сите сорти и за висококвалитетни сорти на грозје. Сигурно ќе имаме подобра гроздоберска година од ланската и од претходните, дециден беше Хоџа.

Заедно со министерот, на средбата со лозарите дојдоа и пратениците Даниела Колева и Панчо Минов.

Зошто не е почнат откупот на најзастапената винска сорта ,,вранец” иако грозјето ја има потребната шеќерност и зошто се доцни со објавата на цените за килограм грозје, се интересираа меѓу другото лозарите присутни на протестот. Тие рекоа дека се одлучиле на протест поради ниските откупни цени на грозјето и игнорантскиот однос на винарии кои со овие цени  ги демотивираат  лозарите.

– Ние лозарите бараме само да ни се вреднува вложениот труд и да знаеме предвремено дали да вложуваме во лозарството или да го напуштиме. Ако останат ланските цени се гледа крајот на лозарството во нашиот крај.

Да ги задржиме младите лозари од иселување, порачаа тие од протестот.

грозје Неготино хоџа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.