Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Хофманови приказни“ за почеток на Мајски оперски вечери

0
By on May 9, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денот на Европа, го означува и почетокот на 41. Мајски оперски вечери.

Фестивалот ќе го отвори уметничкиот директор на Операта, Дејан Прошев, а фестивалскиот оган ќе го запали првенката на Македонската опера и балет, Славица Петровска – Галиќ, по што премиерно ќе биде изведена операта „Хофманови приказни“ од Жак Офенбах.

Либретото го напишал Жил Барбие и е базирано врз три кратки приказни напишани од германскиот писател од романтизмот Ернст Теодор Амадеус Хофман.

Дејството се одвива во Нирнберг, Венеција и Берлин на почетокот на 19-тиот век, а главен протагонист е самиот Хофман. Барбие, заедно со Мишел Кери, претходно напишал драма „Хофманови приказни“, продуцирана од парискиот театар „Одеон“ во 1851, која ја гледал композиторот Офенбах, најистакнат претставник на оперетата во Франција.

Светската премиера на операта „Хофманови приказни“ (Les contes d’Hoffmann) во три чина, пролог и епилог, била во 1881 во Париз, а во Македонија првпат била изведена во 1965 година.

На премиерата, со која, вечерва, свечено ќе бидат отворени годинашните Мајски оперски вечери, ќе настапат мецосопранот Ирена Квакалевска (Никлаус), Наде Талевска (Олимпија), Олгица Милевска (Џулиета), Билјана Талевска-Јосифов (Антонија), Ернес Ибраимовски (Линдорф, Копелиус, Дапертуто, д-р Миракл). Сценограф е Марија Ветероска, костимограф Марија Пупучевска, кореограф Олга Панго.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
ФОКУС

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

ВЕСТИ October 24, 2025

Италијанската група на жртви на сексуална злоупотреба „Рете л’Абусо“ (Rete l’Abuso) објави извештај во кој…

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.