Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хојт Ји: Селективна аболиција би донела продлабочување на кризата

0
By Влатко Чаловски on May 19, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 19, 2016 13:28

Американскиот државен секретар за Европа и Азија, Хојт Ји, вели на средбите кои ги имаше изминативе два дена во Скопје со политичките лидери и претставниците на меѓународната заедница биле главно во однос на аболицијата и владеењето на правото.

– На сите мои состаноци разговаравме за аболицијата на претседателот, која го нарушува владеењето на правото и принципот на одговорност. Аболицијата не само што го поткопа владеењето на правото туку и кредибилноста на земјата аспирант за влез во евроатлантските институции, изјави денеска Ји.

Според него, многу е важно лидерите да работат да ја поправат штетата направена од ова на начин кој е чист, сеопфатен и многу јасен, што е можно поскоро а доколку лидерите работат на аболицијата само селективно, тоа само ќе придонесе на загрижувачката ситуација на неказнивост.

– Одговорноста исто така подразбира партиите и лидерите на земјата, во целост да ја поддржат работата на институциите кои придонесуваат во демократијата кои се одговорни за индициите за криминал од прислушуваниот материјал, вклучувајќи го и Специјалното обвинителство. Во спротивно, Македонија ќе остане заглавена во оваа криза и нема да може да напредува во своите цели, односно да се придвижи кон НАТО и ЕУ, потенцираше американскиот претставник за Европа и Азија.

Според него, Владата мора во целост да покаже видливи мерки и посветеност за плурална демократија, како и посветеност за имплементација на она што политичките партии го договорија преку договорот од Пржино, а како што вели, тоа значи вклучување на опозицијата и на граѓанското општество како клучни за контрола на моќта на Владата.

Хојт Ти потенцираше дека лидерите мора итно да ги преземат мерките на кои меѓународната заедница ургира, за цел на развивање на демократијата како и подобрување на институциите со цел да се има што е можно подобра и одговорна власт.

Тој дополни дека не е до САД, туку до политичките лидери, преку реформи да ја вратат земјата на вистинскиот колосек, а САД само може да им асистира во тоа.

Американскиот државен секретар за Европа и Азија заклучи дека било кои министри да се најдат во Владата, дека не треба да работат како што работеа и досега, туку дека е потребна одговорност пред се.

Меѓународна заедница политичка криза САД Хојт Ји
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 27, 2026

Трендафилов: Утре на протест за платите – не им се плашете, никому ништо не должите, должите само достоинствен живот на семејството

ВЕСТИ January 27, 2026

28 јануари е денот кога работниците зборуваат, овој протест е за вашите плати кои не…

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

January 26, 2026

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.