Хојт Ји поднесе оставка во Стејт департментот

Српскиот весник „Блиц“ повикувајќи се на неофицијални информации од дипломатски кругови во Белград, објави дека Ји ќе биде назначен за нов амбасадор на САД во БиХ, а не во Македонија, како што претходно е најавено од Стејт департментот

Блиц: Хојт Ји, амбасадор на САД во БиХ

Сепак, се уште станува збор само за шпекулации, бидејќи мандатот на актуелниот американски амбасадор во Скопје, Џес Бејли трае до ова лето, па до тогаш и официјално ќе биде познато каде ќе биде поставен Ји

Хојт Ји нема да се сретне со Иванов

Партиските извори не ги знаат причините за тоа, но претпоставуваат дека се поврзани со претходниот однос на шефот на државата кон добронамерните сугестии од официјални претставници на земји-стратегиски пријатели на Македонија