Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Холандија го урна сонот за популистичка револуција во Европа

0
By Соња Трајковска on March 16, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На парламентарните избори во Холандија победи Народната партија за слобода и демократија на премиерот Марк Руте. Тој порача дека Холандија го отфрлила „погрешниот тип на популизам“.

По преброени 90 проценти од гласовите, десноцентристичката партија на Руте со освоени 33 места од вкупно 150 во Парламентот лесно ги победи десничарската и антиевропска Партија за слобода на Герт Вилдерс, која освои 20 пратенички места.

Демохристијаните и Либералните демократи (Д66) освоија вкупно по 19 места, додека добар резултат забележа и малата Зелена левица со 14 мандати.

Дуелот на опцијата на Руте и онаа на Вилдер се сметаше за тест на поддршката што националистичките партии ја уживаат во Европа.

Лабуристичката партија, помладиот партнер во владејачката коалиција, доживеа историски пораз освојувајќи само 9 мандати, и изгуби скоро 29 места.

Притоа на овие избори забележана е најголема изленост во последните 30 години од 80 проценти, што според аналитичарите, е во корист на проевропските и либералните партии.

Со тоа, синоќа се урна сонот на ултрадесничарот за популистичка револуција во Европа, бидејќи неговата Партија не ги исполни очекувањата.

Честитајќи му на победата на Руте, Вилдерс вети дека ќе биде цврста парламентарна опозиција, доколку не биде дел од владејачката коалиција.

-Сепак добивме места. Тоа е резултат со кој се гордееме, изјави Вилдерс, додавајќи дека неговото влијание во холандската политика е огромно и надвор од Парламентот.

Тој рече дека не ја разбрал изјавата на Руте дека холандските гласачите рекле „не“ на „погрешниот тип на популизам“.

-Тој тука имплицира дека постојат добри и лоши популисти. Јас себе си не се гледам како популист, но тој сугерира дека јас сум лош популист и некој вид нацист, рече Вилдерс.

Олеснување за Брисел, честитки од европските функционери

Резултатите кои покажуваат дека партијата на Руте ја победи онаа на Вилдерс, дочекани се со олеснување во Брисел, поради стравот од порастот на популизмот во Европа.

Победата на Руте ја поздравија европските функционери, меѓу кои претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд.

Двојниот шок од Брегзит и претседателските избори во САД ја прават ЕУ сидро на стабилност и разум во светот на лудилото, коментираат аналитичарите.

Можноста дека екстремните десничари ќе успеат да станат најголема партија во холандскиот Парламент последните денови предизвика страв кај европскиот политички естаблишмент дека тоа би можело да предизвика подлабока дестабилизација откако Велика Британија изгласа излез од ЕУ, а Доналд Трамп ги доби претседателските избори во САД.

Но либерална Европа сепак може да здивне, барем до изборите во Франција.

Иако Руте освои 10 места помалку во однос на изборите од 2012, јасниот глас во корист на неговата партија е дочекан со аплауз и олеснување.

-И честитаме на Холандија која го запре напредувањето кон крајната десница, напиша на Твитер, шефот на француската дипломатија Жан Марк Ајро.

Слични пораки стигнаа и од останатите делови на Стариот континент, па италијанскиот премиер Паоло Ѓентолини изјави дека „анти ЕУ десницата ги изгубила изборите“, повикувајќи ги приврзаниците да работат на ревитализација на Унијата“.

И Мартин Шулц, германскиот кандидат за канцелар, порача дека му олеснало. Ги Верхофштад, преговарач на Европскиот Парламент за Брегзит додаде дека „оптимизмот преовладал“.

На потег се Германците и Французите

Рокот за состав на новата влада е 200 дена, но овие резултати им дадоа „ветар во грб“ на либералните европски опции, имајќи предвид дека пред мајските избори во Франција и септемврсиките во Германија, победата на Вилдерс целосно би ја затресла Европа.

На лидерката на ултрадесничарскиот национален фронт, Мари Ле Пен и се даваат сериозни шанси да влезе во вториот круг од претседателските избори во Франција, додека евроскептичната Алтернатива за Германија го очекува своето прво место во федералниот Парламент во Германија.

Брисел Вилдерс избори Руте Холандија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.