Речиси 13 милиони граѓани на Холандија со право на глас утрово го започнаа гласањето на парламентарните избори на кои учествуваат 28 партии, односно 1.114 кандидати кои се борат за 150 пратенички места.
Овие избори би можеле да покажат дали се засилува бранот на популизам во ЕУ воочи гласањето во две најголеми членки на Унијата.
Во центарот на вниманието е екстремно десничарскиот популист, евроскептик и противник на исламот Герт Вилдерс и лебералната Народна партија за слобода и демократија на премиерот Март Руте.
Холандскиот прмеиер Руте и лидерот на екстремната десница Вилдерс се соочија на дебата за ставовите за иднината на земјата, по кампањата која заврши во сенка на дипломатската криза со Турција.
Вилдерс вети дека, доколку биде премиер ќе ги затвори границите за муслиманските мигранти, ќе забрани продажба на Куранот и ќе ги затвори џамиите.
-Доколку сакате Холандоија повторно да биде наша, тргнете го овој човек и поставете ме мене за премиер. Холандија не е за секого, Холандија е за Холанѓаните, дали ме слушате?, и се обрати Вилдерс на јавноста.
Руте, пак, одговори дека Вилдерс ја втурнал земјата во политичка криза, и реле дека никогаш нема да соработува со неговата партија и воедно се заложи за решавање на кризата со Турција.
-Се договоривме со Турција, па бројот на сириските бегалци се намали за повеќе од 90 отсто. Не е исто да објавувате пораки на Твитер од креветот и да управувате со земјата. Доколку ја водите земјата, мора да носите силни одлуки, рече Руте.
Според најновите истражувања на јавното мислење, од 150 места во Парламентот, партијата на актуелниот премиер би можела да смета на 23 до 27, додека онаа на Вилдерс на најмногу 23 мандати. Владејачкото мнозинство би можело д абиде составено од дури пет партии, а формирањето на владата би траело подогло од три месеци.




