Published: Sunday, November 16, 2014 21:25
Холандските власти објавија дека на живинарска фарма во централниот дел на земјата,е откриен „високо патоген” вирус на птичји грип.
Поради ова властите воведоа привремена забрана за транспорт на живина во радиус од еден километар околу сите живинарски фарми во Холандија.
Во изјавата на холандската влада се потенцира дека новооткриениот вирус на грип е смртоносен за кокошките, но исто така од него можат да се заразат и луѓето.
Владата синоќа објави синоќа дека на фармата каде што е открие птичјиот грип ќе бидат уништени околу 150.000 кокошки.




