Published: Tuesday, February 13, 2018 19:12
Холандскиот миистер за надворешни работи Халбе Зелстра даде оставка откако призна дека измислил средба со рускиот претседател Владимир Путин во 2006 година – пренесува „Ројтерс“.
Инцидентот ја засрами коалицијата на премиерот Марк Руте, кој има парламентарно мнозинство од само еден.
Во обраќањето пред парламентот Зелстра видливо вознемирен, изјавил дека „неговиот кредибилитет е толку оштетен од овој настан што е невозможно за него да продолжи да работи на оваа позиција.“
„Јас денес не гледам никаква друга опција освен да му ја предадам мојата оставка на неговото височество Кралот,“ изјавил Зелстра пред пратениците.




