Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Холандскиот проект за Судскиот совет бил вреден речиси милион евра

0
By Соња Крамарска on May 29, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одлуката на Холандија да стави во мирување проект вреден речиси милион евра поради состојбата во Судскиот совет – одекна како земјотрес во јавноста. Ова е првиот сигнал дека меѓународната заедница, која со години финансира проекти во правосудството во земјата „врти лист“,  така што во месеците што ќе следат може да се смета и на други опции со кои ќе се порача дека мора да има промена во оваа сфера или за тоа ќе мора да се плати одредена цена.

Дали тоа ќе биде процес на прочистување на судството по сите скалила, дали тоа ќе биде ставање на судии на црната листа на САД а можеби и на ЕУ (како што и се случи на Грузија), дали тоа ќе биде повлекување на сите проекти и пари од судството  или пак ќе биде холандско вето за преговорите на Македонија во ЕУ, додека ние се митариме околу вклучувањето на Бугарите во Уставот – ќе се навести веројатно многу скоро. Секако, не е случајно што два од четирите најголеми донатори во оваа сфера направија драматичен исчекор, од писмото на американската амбасадорка Ангела Агелер, па до објавата на амбасадорот Дирк Јан Коп, кој очигледно оваа неодамна донесена одлука сакал да излезе во јавноста и да добие гласност.

Според информациите од холандската амбасада, станува збор за проект вреден 954.850 евра кој требало да се реализира до септември идната година и со кој требало да се зајакнат капацитетите и компетенциите на Судскиот совет преку размена на експертиза со холандскиот Совет за судство. Низ таа соработка требало да се зголеми судската ефикасност, да се промовира отчетност, да се воспостави систем за управување заснован на перформанси, да се промовира вградување на стандарди за интегритет и етика и да се унапреди регионалната соработка. Практично, иако проектот трае од септември 2020 година, место да има резултати и напредок, последните настани во Судскиот совет покажаа самоволие, непочитување на процедурите и законитоста, решавање зад затворени врати и со политички влијанија, немање никакво чувство за одговорност и отчетност, а интегритетот и етиката изгледаат како мисловна именка.

Податоците покажуваат дека холанската влада досега потрошила милиони евра за реформите во Македонија, а само во последните пет години наменила 4 милиони евра само за проекти во судството, покрај тие за добро владеење, човекови права и анти-корупција. Овој проект практично се надоврзал на четиригодишен проект од 649.990 евра за развој на владеењето на правото со специјален фокус на зајакнување на капацитетите на Јавното обвинителство во борбата против организираниот криминал и корупција – каде што е сега Ислам Абази прв човек, кој не само што е политички октроиран, туку и исчезна од јавноста откако е на оваа функција, а предметите на СЈО паѓаат еден по еден.

До 2024 година холандската амбасада финансира и регионален проект од речиси два милиони евра со кој треба да се зајакнат капацитетите за граѓанските пресуди, а до лани финансирала проект со кој требало да се надминат „недостатоците во судската култура  во Западниот Балкан“, односно да се надмине јазот меѓу формалните процеси и неформалните практики во правосудската сфера.

Колку блиску може да биде оваа холандска одлука за Судскиот совет до ставањето евентуално вето во процесот на преговорите со ЕУ, на сите во Македонија ни е јасно. Холандија многупати досега покажа дека е упорна околу исполнувањето на  стандардите за ЕУ, а потврда се ветото за почнување преговори со  Хрватска, па со Србија, за преговорите со Албанија и за влегувањето на Романија и Бугарија во Шенген зоната. Холандскиот амбасадор тоа немање дипломатски ракавици го покажа најдобро со оценката дека Судскиот совет стана „нелегитимно тело и дека тоа е многу сериозно и болно за гледање“.

извор: Независен

грант проект Судски совет холаднска амбасада
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.