Лабуристичката партија на потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс, неочекувано освои најголем број гласови на холандските избори за Европскиот парламент, според резултатите од прелиминарната анкета на Ипсос.
Лабуристичката партија, и покрај различните прогнози, на вчерашните избори за ЕП ги победиле Либералите (ВВД) и популистите (ФвД).
Според резултатите од истражувањето на Ипсос за холандската телевизија НОС, партијата на Тимерманс треба да има пет места во Европскиот парламент резервирани за Холандија, ВВД – четири, додека ФВД – три.
„Резултатите покажаа дека има јасно мнозинство во Холандија, кое сака ЕУ да продолжи да игра улога во справувањето со проблемите што треба да се решат”, рече Тимерманс.
Денеска за Европскиот парламент гласаат граѓаните на Чешка и Ирска .
Со четиридневно гласање во 28 земји-членки започнува нов политички циклус во Унијата, во кој ќе бидат избрани и новите челници на европските институции. Нјголем број од земјите гласаат во недела кога и ќе бидат објавени резултатите од изборите.




