Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ХОПС: Малолетните зависници нема кој да ги лекува

0
By Нова ТВ on January 24, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Девојка од 16 години која престојува во Јавната установа за згрижување на деца со социјални и воспитни проблеми „25 мај“ во Скопје користи дроги. Tеренскиот тим на ХОПС ја пронашле девојката и . Тие ја мотивирале девојката да се лекува, но пречка се институцииите меѓу кои не постои меѓуресорска соработка.

Во Македонија не постои унифициран меѓуресорски пристап за препознавање, документирање и следење на деца и млади кои се под ризик, покажало истражувањето на ХОПС насловено „Децата и младите во ризик во Република Македонија – рамноправни членови на социјалната држава или категорија за креирање фиктивни политики?“.

Иако дел од надлежните институции имаат воспоставено електронски бази на податоци, истражувањето покажало дека, видливо е неконзистентно бележење на услугите, што пак ја оневозможува проценката на потребите на ранливите категории на деца и млади. Од ХОПС велат дека голем број од институциите имаат пишани документи, стратегии и програми, каде што се дефинирани или опфатени децата и младите во ризик, но отсуството на податоци за реализација на сите акции предвидени во тие документи го попречува следењето и оценувањето за спроведувањето на зацртаните политики.

„Добра пракса за бележење на податоците за децата и младите во ризик се забележува единствено во документацијата и работата на Државниот совет за превенција од детско престапништво и на Народниот правобранител“, велат од ХОПС.

Нема координиран и суштински институционален пристап кон потребите на децата и младите во ризик, поради што дел од неопходните услуги ги обезбедуваат здруженијата на граѓани, потенцираат од таму.

Иако во граѓанскиот сектор постојат солидни професионални капацитети, тие имаат ограничени овластувања за работа со ранливи категории на деца и млади. Нивните активности се претежно финансирани од меѓународни извори, а државата многу малку инвестира во развојот и одржливоста на услугите кои ги обезбедуваат граѓанските организации. Дел од локалните власти имаат воспоставено добра практика за соработка со граѓанскиот сектор, па таквите иницијативи треба да се препознаат и усвојат од страна на поголем број на општини, велат од ХОПС.

„Посебно загрижува инертноста на институциите за решавање на проблемите на малолетниците кои употребуваат дроги. ХОПС многу години наназад предупредува за зголемување на бројот на малолетни корисници на дроги кои се соочуваат со значително нарушување на нивното здравје. И покрај организирањето на повеќе тркалезни маси, конференции и студиски посети за собирање на искуства од други земји, надлежните немаат превземено конкретни чекори за решавање на овој проблем“, потенцираат од ХОПС.

Во соопштението се вели дека, иако Министерството за здравство има изработено протокол за лекување на малолетни корисници на дроги, истиот веќе две години е во подготвителна верзија и сè уште не е усвоен.

Во меѓувреме, ХОПС формира теренски тим за поддршка и работа со овие деца. Тимот до сега има исконтактирано вкупно 85 малолетници кои употребуваат дроги, од кои најмладото кое користи дрога со инјектирање има само 8 години. Само во 2016 година, теренскиот тим има исконтактирано 33 деца, од кои 7 се нови корисници.

И покрај заложбите од ХОПС, во 2016 година ниту еден малолетник не започнал со лекување на зависноста, пред сè заради возраста и административни бариери, истакнуваат од ХОПС.

За илустрација на проблемите со лекувањето на малолетните корисници на дроги го посочи  случајот на 16 годишно девојче сместено во Јавната установа за згрижување деца со социјално – воспитни проблеми „25 Мај“ кое извесно време употребува дроги.

„Таа е контактирана од страна на тимот на ХОПС во 2016 година во стадиум на бременост. Во периодот од две недели потребен за институцијата да обезбеди согласност од родител за лекување, девојчето е препраќано меѓу Центарот за превенција и лекување на злоупотреба на дроги и други психоактивни супстанции при Психијатриската болница  и Клиниката за токсикологија, кои се единствени установи што обезбедуваат лекување на опиоидна зависност“, објаснуваат од ХОПС.

Проблемот е што во дневните центри за превенција и лекување на болести на зависности не примаат лица под 18 години, на Клиника за токсикологија нема психијатар за да направи процена и да даде препорака за лекување, додека пак, Клиника за психијатрија не работи со болести на зависност. Во тоа време, девојчето доживеа спонтан абортус и изгуби мотивација за лекување. Сега е на улица и продолжува да инјектира дроги.

Доколку постоеа соодветни програми за лекување на малолетни лица кои употребуваат дроги, овој трагичен настан можеше да се избегне. Поради сето ова, од ХОПС бараат:

Надлежните институции, пред сè Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, Министерството за образование и наука и Министерството за правда, преку меѓусебна соработка и вклучување на останатите засегнати страни, да заземат координиран пристап кон потребите на децата и младите во ризик што ќе резултира со сеопфатни услуги и отчетност за спроведувањето на зацртаните политики;

– Министерството за здравство во најкраток можен рок да го финализира и усвои протоколот за лекување на деца кои употребуваат дроги;

-Да се формира мултисекторска работна група која ќе изработи програма за лекување, ресоцијализација и грижа за децата кои употребуваат дроги.

– Да се отворат интегрирани програми за лекување, ресоцијализација и грижа на децата кои употребуваат дроги.

 

институции малолетници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: „Марш на ангелите“ – шест месеци без правда за Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025 фото: ЦИВИЛ Вечерва…

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

September 16, 2025

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.