Published: Saturday, February 11, 2017 10:43
Најмалку 17 луѓе загинаа, меѓу кои и деца, а десетици се повредени во стампедо меѓу навивачите на фудбалскиот стадион „4 јули“ во местото Ујге на северот на Ангола.
Хаосот настанал кога навивачите почнале да се туркаат на влезот откако не успеале да набават карти за натпреварот.
На стадионот кој има капацитет од 8.000 гледачи требало да се одигра натпревар од првата лига, меѓу клубовите Санта Рита де Касија и Рекреативо до Либоло.
-Луѓето се задушија. Газеа едни преку други. Повредени со 76 луѓе, од нив 17 починаа, изјави директорот на локалната болница.




