Европратеникот Ричард Ховит денеска по 22 години минати во оваа европска институција одржа проштален говор, напуштајќи ја функцијата.
Тој им се заблагодари на сите групи во Европскиот парламент, членови и персоналот за пријателството и соработката, на британската Лабуристичка партија чиј пратеник беше овде од 1994 до годинава, и на неговото семејство кое денеска беше во галеријата на салата.
-Горд сум што го претставував делот на Источна Англија. Тоа навистина беше прекрасно, рече Ховит во говорот, користејќи го локалниот акцент.
-Горд сум што како дете од работничката класа кој не очекувал вакво нешто, ја претставував мојата земја и нашиот континент. Ми беше чест и привилегија да ја извршувам оваа задача. Секогаш ќе се сеќавам дека сум бил присустен на сите историски денови на проширувањето на ЕУ и за решавање на конфликтите во светот.
Сега заминувам на ново работно место кое се потпира на овие вредности и принципи. Јас, мојата партија и многумина во мојата земја се залагаат за Европа и така и ќе биде. Мора да понесеме лична одговорност за поразот на референдумот и навистина жалам за тоа.
Денеска кога заминувам од оваа зграда очекувам дека никогаш нема повеќе да се вратам како парламентарец. Но доколку мојата земја направи историска грешка напуштајќи ја Европската унија, го очекувам денот кога ќе се врати, рече Ховит во прошталниот говор.
Ричард Ховит заедно со европратениците Едвард Кукан и Иво Вајгел, кои посредуваа и во постигнувањето на договорот на Пржино и беше известувач за Македонија.






