Претседателот на Уругвај, Хосе Мухика официјално ја предаде должноста на својот наследник Табаре Васкес.
Мухика својата популарност во светот ја зголеми откако јавноста ги увиде условите во кои тој живееше како претседател, на село, без телохранители и претседателски палати.
Во интервју за ВВС вели изненаден бил што луѓето се чудат на неговиот скромен начин на живот.

– Јас само живеам како поголемиот дел од мојот народ, а не како оние што се во помал број. Живеам нормален живот. И италијанските, шпански лидери треба исто така да живеат како нивниот народ, не треба да тежнеат да ги копираат богатите, изјави поранешниот Герилец, кој поминал повеќе години во затвор во текот на 1970 -тите и 1980-тите години.
>> Забраната на бракови од ист пол, за претседателот на Уругвај е мачење на луѓето
Мухика во текoт на својот мандат спроведе бројни важни социјално-економски закони, како што е легализација на истополови бракови, легализација на марихуана и правото на абортус, поради што од функцијата претседател заминува со поволен рејтинг од 65 проценти, со што тој е еден од најпопуларните претседатели на светот.

Инаку тој порача дека со заминување од претседателката должност не значи дека ќе се однесува како пензионер.
– Немам намера да бидам стар пензионер, да седам и пишувам мемоари, нема шанси – заклучи тој.





