Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Христо Петрески избран за претседател на Друштвото на писателите на Македонија

0
By НОВА ТВ Balaban on May 28, 2022 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 28, 2022 17:45

Со 69 гласа, за претседател на Собранието на ДПМ е избрана Кристина Николовска, а за Претседателството на ДПМ се избрани: Весна Мојсова-Чепишевска, Васил Тоциновски, Зоран Анчевски, Јулијана Величковска,  Славчо Ковилоски, Лилјана Пандева, Владимир Мартиновски, Александра Јуруковска и Марина Мијаковска.

Писателот Христо Петрески е нов претседател на Друштвото на писателите на Македонија. На денешното Изборно собрание на ДПМ тој доби 56 гласови – осум повеќе од неговиот противкандидат  Живко Грозданоски и ќе ја води писателската асоцијација во наредните четири години.

Со 69 гласа, за претседател на Собранието на ДПМ е избрана Кристина Николовска, а за Претседателството на ДПМ се избрани: Весна Мојсова-Чепишевска, Васил Тоциновски, Зоран Анчевски, Јулијана Величковска,  Славчо Ковилоски, Лилјана Пандева, Владимир Мартиновски, Александра Јуруковска и Марина Мијаковска.

Новоизбраниот претседател Христо Петрески ќе ја преземе функцијата од Соња Стојменска-Елзесер, која го раководеше ДПМ од 2018 до 2022 година.

Петрески (1957, Крушево) членува во ДПМ од 1985 година. Дипломирал на Економскиот факултет на УКИМ во Скопје. Основач е и директор на издавачката куќа „Феникс” и на Фондацијата „Македонија презент”.

Во својата изборна програма Петрески наведе дека ќе се залага редовно, еднаш во годината, да се примаат нови и млади членови во Друштвото на писателите, но со почитување на сите правила и критериуми за прием.

Покрај постојните годишни награди, тој предлага да се воведе и награда за драмски дела, која може да го носи името на Горан Стефановски. Предлага дисперзирање на книжевните настани со карвани од писатели низ земјава, промоции, литературни средби, трибини на актуелни теми  и активности за популаризација на книгата и читањето.

Петрески ќе се залага за меѓународна соработка со потпишување спогодби со сродни институции, пред сѐ од соседството. Во наредните четири години тој предлага ДПМ да објави шест антологии на современата македонска поезија,  проза, критика, есеј, драма и  творештво за деца и млади, а просториите на Друштвото да бидат реновирани и тоа да стане, како што вели, отворено привлечно и работно катче за секојдневни работни средби и разни пригодни настани.

Членовите на ДПМ, како што стои во неговата програма за кандидатура, ќе имаат членски книшки со кои ќе остваруваат право на попуст во театар, кино, железнички превоз, ресторани… На домашна адреса тие ќе го добиваат бесплатно списанието „Стожер” – единственото гласило на Друштвото на писателите, покрај тоа што ќе им биде достапно и електронски на веб-страницата на ДПМ.

Христо Петрески
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.