Друштвото на писатели на Македонија избра нов претседател, Христо Петрески. Избрано е и ново претседателство во состав Кристина Николовска – претседател на Собранието на ДПМ, Весна Мојсова Чепишевска, Зоран Анчевски, Лилјана Пандева, Владимир Мартиновски, Марина Мијаковска, Александра Јуруковска, Јулијана Величковска, Васил Тоциновски и Славчо Ковилоски.

На почетокот на овој месец е одржана Првата конститутивна седница на претседателството.

ДПМ избра и нови секретари за внатрешни односи и активности Васил Тоциновски и а меѓународна соработка Мартина Мијаковска. (Р.Н.)