Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хрватска: Апсења за аферата Агрокор, Тодориќ го нема

0
By Нова ТВ on October 16, 2017 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хрватската полиција рано утрово, во рамки на акцијата „Агрокор“, изврши претрес во „Кулмеровата палата“ во Загреб, сопственост на основачот на концернот „Агрокор“, Ивица Тодориќ.

Не е познато дали во куќата имало некој од семејството Тодориќ, кои до неодамна живееја на оваа адреса. Според хрватските медиуми, претреси се вршат на 60 локации, а опфатени се 15 лица кои некогаш биле на раководни позиции во компанијата.

Полицијата потврди дека досега се уапсени поранешните сопственици Ивица Црнац, поранешен финансиски директор на „Агрокор“, Томислав Лучиќ, екс член на надзорниот одбор на Агрокор, Пирушка Цањуга, поранешна членка на управата на Агрокор и Љерка Пуљиќ, потпретседателка на компанијата.

Утрово во „Кулмеровата палата“ пристигнале и адвокатите на Тодориќ, Чедо Продановиќ и Јадранка Слоковиќ.

Владиниот повереник за „Агрокор“ Анте Рамљак минатата недела поднесе кривична пријава против одговорните во оваа компанија поради неправилности во работењето, утврдени со ревизијата на финансискиот извештај, меѓу кои даночно затајување, незаведување на кредитите и други финансиски малверзации.

Ивица Тодориќ веднаш потоа објави дека ниту едно евро не е отуѓено или скриено.

Своите пораки тој ги пишува на блогот.

-Подготвен сум за тужба, ова е политички процес, напиша последно Тодориќ.

Агрокор е најголемата приватна компанија во Хрватска во која се вработени над 31.000 луѓе. Примарна дејност е производство и дистрибуција на храна и пијалоци, како и малопродажба, а некои од најпознатите марки во сопственост на Агрокор се Фриком, Дијамант, ИДЕА, Јамница, ПИК Врбовец, Ледо, Конзум.

Агрокор Ивица Тодориќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.