Published: Sunday, January 5, 2020 19:52
Според првичните излезни анкети од вториот круг на претседателски избори во Хрватска, води социјалдемократот Зоран Милановиќ со 53,25 проценти освоени гласови. Актуелната претседателка и кандидат на ХДЗ, Колинда Грабар Китаровиќ, освои 46,75% од гласовите.
Во 19 часот беа затворени избирачките места. Излезноста во овој круг беше за двапати повисока од првиот круг. Според аналитичарите, освоените гласови на Милановиќ се недостижни за Грабар Китаровиќ. Сепак велат дека треба да се почекаат официјалните резултати од Државната изборна комисија.




