Published: Tuesday, December 22, 2015 10:33
Коалицијата што ја предводи досегашниот хрватски премиер Зоран Милановиќ, Хрватска расте и независната листа Мост на Божо Петров не успејаа да се договорат за формирање влада.
По синоќешниот состанок Милановиќ и Петров изјавија дека на денешната средба кај претседателката на државата Колинда Грабар Китаровиќ нема да презентираат листа со потребните 76 пратенички потписи, што би значело дека речиси два месеци од изборите, конечно ќе се формира влада.
Сепак, како што изјавија, разговорите биле позитивни и оделе до таму што се разговарало за поделба на ресори.
– Се работи за „тврди“ преговарачи но тоа го почитувам, изјави Милановиќ.




