Пред арбитражниот суд во Хаг, Хрватска и Словенија , денеска во пишана фпрма, мораат да си предадат своите аргументи за арбитража, со што започнува правната битка за границата на морето.

Хрватска ги комплетираше документите до над 300 страници, потврди министерката за надворешни работи Весна Пушиќ.

Од словенска страна, Премиерот Јанез Јанша го одби владиниот предлог, по што аргументите беа предадени на гласање пред парламентот, за да биде усвоен предлогот во кој стои дека
Словенија би го прифатила само она решение на судот во кое стои дека на земјата и се гарантира контакт со отворено море.

Познавачите на состојбите сметаат дека одлуката не може да се очекува пред крајот на идната, односно почетокот на 2015 година.