Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хрватска итно да го повлече Правилникот, во спорот да се вклучи и ЕУ

2
By Нова ТВ on August 7, 2017 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора ги повикаа хрватските власти итно да ги укинат дисркиминаторските одредби од Правилникот за увоз на зеленчук и овошје, а трошоците за инспекцискиот надзор да се сведат на нивната реална висина.

Ова е една од одлуките што проиизлегоа од денешниот состанок на министрите за земјоделство на Македонија, Љупчо Николовски, на Босна и Херцеговина Мирко Шаровиќ , на Република Србија Расим Љајиќ и на  Црна Гора Драгица Секулиќ во Сараво.

Воедно министрите потписници бараат оваа недела да се одржи итен состанок со надлежните министри од Хрватска, а при тоа да се има во предвид дека секое одложување за изнаоѓање на решение ќе предизвика значителни последици врз производителите од земјите од регионот,  со оглед на тоа дека сето ова се случува во период кога има зголемен извоз на сезонско овошје и зеленчук.

Меѓу другото, во заклучоците се наведува дека секоја земја се до решавање на проблемот,  за да ги заштити сопствените економски интереси ќе преземе конкретни мерки и механизми кои смета дека се адекватни.

-Покрај заедничките ставови за развој на слободна трговија и посветеноста на земјите во регионот за проток на добра без бариери денеска бевме единствени во носење на заклучоците.Сепак секоја од земјите има право соодветно да превземе дополнителни мерки или контра мерки за во вид и форма за која мисли дека е соодветна а се со цел да ги заштити сопствените интереси.Како регион остануваме посветени на Берлинскиот процес и градење на заедничка економска област, изјави министерот Николовски.

Министрите од регионот во решавање на проблемот со Хрватска ја повикаа да се вклучи и Европската унија.

Заклучоците со потпис од сите министри кои присуствуваа на состанокот ќе бидат испратени во Брисел.

Денешната итна средба на министрите од регионот беше свикана откако Хрватска на 15 –ти јули годинава донесе нов Правилник за инспекциски надзор и контрола за усогласеност на овошјето и зеленчукот со кој трошоците за контрола на квалитет на овошјето и зеленчукот за трети земји се зголемуваат од досегашните 90 куни (12 €) по производ, на 2.000 куни (274 €) по производ.

Македонското Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство веќе достави  нота до хрватското Министерство за земјоделство за стопирање на Правилникот за контрола при увозот на овошје и зеленчук.

Со новиот Правилник што го донесе Хрватска за увоз на овошје и зеленчук, значајно се зголемуваат трошоците при извоз на македонското свежо овошје и зеленчук, што ќе влијае врз зголемување на крајната цена на чинење на производот.

Со такви зголемени цени, македонското овошје и зеленчук ќе бидат неконкурентни на хрватскиот пазар.

Министрите од регионот на денешниот состанок се договорија дека состаноци од ваков тип треба да се одржуваат почесто, со цел да се отстранат бариерите кои ја загрозуваат слободната трговија на добра. Следниот состанок е договорено да биде во Скопје во септмври годинава.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.