Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хрватска покажала интерес за решавање на проблемот со давачките

0
By Нова ТВ on August 8, 2017 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По вчерашните заеднички заклучоци во врска со новиот Правилник на Хрватска за увоз на свежо овошје и зеленчук, денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски телефонски разговарал и со министерот за земјоделство на Хрватска, Томислав Толушиќ, кој покажа интерес за  изнаоѓање на решение за настанатиот проблем, соопштија од Министерството за земјоделство.

Сите страни треба да ги почитуваат обврски од договорите за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и земјите од западен Балкан, оцени Европската комисија во врска со трговскиот спор меѓу Хрватска и западнобалканските земји околу земјоделските производи.

– Европската комисија се уште не го добила писмото на министрите на четирите западнобалкански земји кои бараат Еврокомисијата да интервенира во нивниот трговски спор со Хрватска, меѓутоа ставот на ЕУ е дека сите страни треба да ги почитуваат обврски од договорите за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и земјите од регионот, соопшти дипломатски извор од Брисел за МИА.

Според дипломатскиот извор на МИА во седиштето на ЕУ, Европската комисија е во контакт со претставници на засегнатите страни во спорот и „моментно ја проценува новонастаната состојба“, проверувајќи дали новите хрватски мерки се во согласнот со обврските од договорите за стабилизација и асоцијација.

Истиот извор апелира до страните во спорот да манифестираат воздржаност и да избегнуваат „заострување на состојбата“.

Реакцијата на Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора уследи откако хрватското Министерство за земјоделство минатиот месец воведе нов правилник со кој се зголемуваат фитосанитарните контроли на увезеното овошје и зеленчук од земји што не се членки на ЕУ и го зголеми надоместокот за инспекциски контроли од 90 на 2.000 куни (од 12 на 270 евра).

Министрите за земјоделство на четирите балкани земји вчера имаа средба во Сараево на која побараа Загреб под итно да го повлече овој правилник и да ги прилагоди своите цени за инспекциска контрола со просечната цена во земјите членки на ЕУ и апелираа до Унијата да се вклучи во надминувањето на спорот.

Српските медиуми во меѓувреме објавија дека владата во Белград започнува со остри мерки против хрватската мерка. Од саботата освен овошјето и зеленчикот на строги контроли се подложени и сите други производи од Хрватска, поради што на пзараот нема да ги има во следните 30 дена, доколку процедурата потрае.

Весникот Блиц објави дека Управата за царина добила задача освен фитосанитарни и ветеринарски проверки да прави и лабораториски анализи на сите производи, кои би траеле и до еден месец.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.