Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хрватска пред епидемија од сипаници поради невакцинирање на децата

0
By Нова ТВ on February 22, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 22, 2017 17:32

Сипаниците се вратија во Хрватска бидејќи многу родители одбиваат да ги вакцинираат своите деца. Хрватската јавност е исплашена, а лекарите велат дека поради теорија на заговор деца умираат од сипаници иако постојат квалитетни вакцини против овие заразни болести.

Хрватските медиуми пишуваат дека седум месечно бебе од местото Брназ кај Сињ било заразено од сипаници од друго дете од регионот на Макарска на кое болеста му дијагностицирана подоцна. Двете деца престојувале во иста болничка соба на детското одделение во болницата во Сплит. Во Макарска веќе има заболено две деца и две возрасни лица во Загреб.

Од хрватскиот завод за јавно здравство информираат дека пред две години имало епидемија од ова многу заразно вирусно заболување од кое заболеле шеесет луѓе. Сипаниците ја погодија Хрватска и во 2004 та година кога болеста се рашири по болниците каде штос е сметени болни кои долго престојуваат таму, како и во 2008 ма година кога од сипаници заболе 50 ромски деца. Најголем дел од заразените биле не биле вакцинирани. Сипаниците во 2014 та година биле пренесени од Босна и Херцеговина каде што вакцинирањето е на многу ниско ниво. Таа година во оваа држава биле регистрирани 3400 заболени.

Заболените биле не вакцинирани или пак не знаеле дали се вакцинирани.

Епидемиите на сипаници станаа вообичаена појава во земјите кои што имаат низок обем на имунизација и како тој процент се намалува, се зголемува процентот на заболени. Станува збор за болести кои со децении беа искоренети. Најновите случаи на заболени во Хрватска укажуваат дека на вратата тропа нова епидемија од сипаници.

“Можно е во следните денови да се појави епидемија на сипаници, а тоа зависи колку од невакцинираните деца биле во контакт со заболените“, вели Бернард Каиќ епидемиолог.

Лекарите ги повикуваат родителите да ги вакцинираат своите деца и предупредуваат дека може да се прошири кругот на заболени, а особено во опасност се тие што не смеат да се вакцинираат поради нарушен имунитет или заболените од леукемија.

Во Хрватска се зголемува бројот на родители кои се поборници на теоријата на заговор уверени дека вакцините предизвикуваат аутизам, така што тоа прерасна во движење насочено против имунизацијата. Голем дел од лекарите одбиваат да ги примаат децата кои не се вакцинирани, односно ги препраќаат кај други лекари кои би ги прифатиле.

Пред да бидат искоренети од сипаници заболуваа 90 проценти од децата и млади до 20 години. Последиците можат да бидат катастрофални и да завршат со воспаление на мозокот, дури и смрт.

Во свет секојдневно умираат по 400 деца на ден од сипаници, покажуваат извештаите на УНИЦЕФ, СЗО и Глобалниот сојуз за вакцинација.

Трендот на вакцинирање на децата веќе неколку години е присутен и во Македонија, а поборниците на оваа теорија сметаат дека вакцините се основната причина за појава на аутизам кој исто така е многу распространет во последните години.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.