Published: Thursday, February 10, 2022 15:30
Во Хрватска, во последните 24 часа, се регистрирани нови 6.341 случај на коронавирус, додека за истиот период се пријавени и 48 смртни случаи.
Бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 46.346 од кои 2.131 лице се наоѓаат на болничко лекување, а 173 се приклучени на респиратор.
Од почетокот на пандемијата во Хрватска, од или со коронавирус, починаа 14.329 лица.




