Хрватска затвори седум од осум гранични премини со Србија откако бран мигранти ја мина нејзината граница затоа што Унгарија одби да ги прими. Во интервју за хрватската телевизија, Милановиќ рече дека Хрватска е мала земја и оти мигрантите се добредојдени, но оваа нација не може да ги прими сите мигранти. Тој рече дека ќе добијат храна, вода и медицинска помош, но мора да го продолжат патешетвието.
Во меѓувреме Унгарија како што изјави премиерот Орнаб нема да добие и не може да се очекува никаква помош ниту од Србија, ниту од Хрватска, ниту од Западна Европа во решавањето на бегалската криза. Тој соопшти дека на границата со Хрватска веќе се испратени стотина војници и полицајци. “До крајот на денот оградата долж границата со Хрватска ќе биде целосно подготвена и особено во критичната нејзината зона од 41 км., Каде двете држави не се поделени со реката”, истакна унгарскиот премиер.
Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Стајнмаер рече дека некои членки на Унијата и натаму се противат да се согласат за системот за квоти за секоја земја членка за прифаќање на бегалци.




