Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека хравстката Влада нема да ја примени пресудата на Арбитражниот суд во Хаг со која на Словенија и припаднаа три четвртини од Пиранскиот залив и со тоа и е овозможен слободен премин преку дел од хрватското море.
Пленковиќ рече дека Хрватска пред две години излегла од арбитражниот процес, бидејќи е компромитиран со противзаконски дејства.
-Ќе настојуваме со дијалог да ги решаваме отворените прашања со Словенија, изјави Пленковиќ за хрватските медиуми и најви дека за тоа со претставниците на словенечките власти ќе се разговара в среда, на 12 јули во Љубљана.
Арбитражбниот суд во Хаг кон крајот на јуни пресуди дека на Словенија и припаѓаат 3/4 од Пиранскиот залив, а доби и слободен премин преку дел од хрватското море.
Истовремено копнената граница останува иста, а подрачјето „Јошко Јорас“ останува во Хрватска.
Судот одреди и посебно подрачје низ хрватските територијални води со што и се овозможува на Словенија допир со меѓународните води.




