Хрватскиот ракометар Денис Тот денеска ќе биде закопан во родното Ѓаково откако на смрт беше претепан во Скопје. Сеуште има неразјаснети работи во овој случај кој од почетокот го следат две верзии на приказната, пишува хрватскиот портал Индекс.

Според првата верзија за смртта на Тот било кажано дека умрел од застој на срцето а потоа утврдиле дека сепак бил нападнат.

За другата верзија на случајот, порталот Индекс пишува дека со неа се сакало да се заташка случајот.

„ Полицијата ја прегледа и снимката на која се гледа дека Тот и останатите учесници во тепачката биле во исто друштво во ноќниот клуб . По малку време откако што заминаа, се степале по што Тот паднал во несвест а останатите заминале . Телото на младиот ракометар го пронашол вработен во дискотеката, пишува Индекс.

„ Македонското обвинителство објави детали од тепачката. Рекоа дека на тепачката и претходела куса вербална расправија, по што Тот е нападнат и повеќе пати удиран со раце и со нозе. Од ударите паднал и со темето удрил во асфалт и ја изгубил свеста. Тројцата осомничени продолжија да го удираат по глава а потоа го напуштиле местото на случувањето без да му помогнат, ја опишува снимката хрватски Индекс.

„ Се појави и информација дека имало обид убиството да се заташка, но македонското обвинителство демантираше, пишува Индекс.

„Нема ниту една индикација да може тоа да е така. Одма кога слушнавме од болница , дека ова е таков случај , односно прекин на работата на срцето , наредивме да се соберат дополнителни докази , кои МВР треба да ги собере, да се видат камерите каде што бил локалот , од каде што починатиот го презела Итна помош , се е тоа во истиот ден разгледано. Се виде дека сите се вклучиле во потрага по сторителите, ја пренесува Индекс изјавата на обвинителот Гаврил Бубевски.