Премиерот на Хрватска, Зоран Милановиќ ја напаѓа Унгарија, сепак ние не сметаме дека се што ќе каже тој е мислење и на хрватскиот народ, вели унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Тој во интервју за унгарско радио рече дека Чешка, Унгарија, Полска и Словачка одлично работеле на решавањето на бегалската криза со која се соочува Европа.
– Проблемот е кај оние земји кои на прашањето со бегалците пристапуваат идеолошки, изјави Орбан.
Според него, германските, австријските, француските и италијанските политичари на миграцијата гледаат како позитивен феномен и го охрабруваат.
Реакцијата на Орбан следува по критиките од Милановиќ, кои во неколку наврати рече дека оградите кои ги поставува Орбан, и третманот кој го практикува врз бегалците не се соодветни на европските стандарди и дека Хрватска никогаш нема да примени такви мерки.




