По објавата на „Дукат“ дека привремено го запира откупот на млеко, фармерите денеска излегоа на протест со своите трактори.

Фармерите се револтирани, најавуваат силни и масовни протести, тие сметаат дека ова ќе го уништи домашното производство.

Одлуката на „Дукат“ да го запре откупот на мелко го налути и министерот за земјоделство во Хрватска, Тихомир Јаковин, кој изјави: „Господо, можевте навреме да не известите!“.

Од вчера „Дукат“ не откупува хрватско млеко од 180 фарми чии крави јаделе канцерогена српска пченка.

Во Македонија, Агенција за храна и ветеринарство известува дека потрошувачите не треба да престанат со купување млеко бидејќи сите количества што се продаваат биле безбедни за употреба.