Првите фотографии на Венецуелскиот лидер Хуго Чавез после операцијата се емитувани од страна на владата, јавува Би-Би-Си.

Медиумот го опишува Чавез на фотографиите, кој се смешка додека лежи во кревет и чита весник, додека неговите две ќерки го гледаат.

Чавез исчезна од јавната сцена од 11 декември минатата година, откако во Хавана замина на операција, која беше четврта операција за сузбивање на ракот, прв пат дијагностициран во средината на 2011 година.