Стотина уметници и дизајнери донираа свои дела кои вчера (9 август, понеделник) се продаваа во скопското кафуле „Концепт 37“, а собраните средства се наменети за настраданите од поплавите. Одзивот на граѓаните беше голем, а редици луѓе имаше и на тротоарите и улицата пред кафулето. Се продаваа слики, фотографии, книги, цртежи, накит, модни креации. Уметникот Владимир Лукаш, еден од учесниците на изложбата, на фејсбук страницата за донации објави дека се собрани вкупно 178.425 денари или 2925 евра.
Хуманитарната изложба во „Концепт 37“.продолжува и денеска.