НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хуманоста на дело, контрола на донациите задолжително

0
By Менче Атанасова Точи on April 19, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во целата сиромаштија, економска и политичка криза, како и криза на духот, Македонија се претвори во земја во која граѓаните несебично даваат помош на оние на кои им е неопходна. Во ситуација кога здравствениот систем не сака да помогне со упатување во странство, тука се донациите, сметките во банка, каде хумани луѓе одвојуваат од својата уста за да помогнат на некое дете. Навистина е исклучително тешка одлука , кога некое семејство ќе реши  да побара помош, ќе открие јавно од што боледува нивното дете, ќе стави негова фотографија да кружи во апелите за помош.  Тоа го прави зашто не е во можност да плати лекување во странство кое чини 30. 000, 50. 000 или 100. 000 евра.

 Навистина, секој сака да се обиде, да види дали има надеж за неговото  дете, да му даде шанса  за живот. Но, дали сите апели за помош се реални?Дали има донации кои се злоупотребуваат?  Праксата покажала дека поголемиот дел се оправдани и тие луѓе зависат од нашата помош додека чекаат Фондот за здравство да одобри средства за лекување. По, правило доколку тоа се случи, броевите за донации се затвораат.

Но, има и такви случаи кога не се бара конзилијарно мислење, семејствата знаат дека нема да го добијат или се одбиени бидејќи болеста може да се третира тука. Тие луѓе со помош да донации сакаат да си овозможат најдобро можно лекување бидејќи не сакаат да се лекуваат во државата. И тоа е изигрување на довербата, а граѓаните донираат без да направат проценка, мислејќи дека правилно постапуваат.

Некаде, меѓу нив се тие кои не ги затвораат броевите за донација иако добиле одобрение за лекување во странство. Тие создаваат најголема недоверба кај луѓето, така паѓа хуманата димензија.

Има и една друга категорија со која треба да се занимава полицијата, тоа се измамници кои отвораат сметки во банка и бараат помош за болно дете, а всушност парите се за во нивниот џеб. За жал, полицијата не реагира додека некој не пријави измама. Во оваа држава побргу се дознава кога некој ќе добие 1000 денари на грепка, па ќе му ја укинат социјалната помош, отколку кога се прави ваков вид измама.

Но, да се вратиме на оние кои не ги стопираат броевите за донација. Фондот за здравство неодамна излезе со една изјава дека имаат забележано повеќе случаи кога броевите за донации не се затвараат иако од таму биле одобрени средства за лекување. Тие знаат но, немаат ингеренции да го спречат тоа. Очигледно, недостасува нешто во  таа алка, семејство, фонд, фондации на мобилните оператори.

Мобилните оператори ја отфрлаат можноста за злоупотреба бидејќи, како што велат, тие се цело време во комуникација со семејствата.  Во еден од мобилните оператори тврдат дека во 90 проценти од случаите веднаш ги известуваат кога ќе добијат одобрение од Фондот, 10 проценти тоа не го прават, или го прават подоцна.

По истекот на договорот, линијата се деактивира или се пренаменува за друга потреба. Сите донации се префрлаат на банкарска сметка што ја има отворено барателот. И тука завршува контролата на мобилните оператори. Што, се случува со парите потоа, никој не знае.

Случајот кој деновиве ја шокираше јавноста, семејство кое не дозволуваше да се стопираат донациите иако имаат добиено пари од Фондот, не е единствен. Авторот на овој текст знае за уште еден, каде уште се собираат донации иако во февруари добиле средства од Фондот. И овие два случаи не се единствени. Значи, злоупотребата на донациите и не е така ретка.

Со години ја следам оваа проблематика и многу често водев битка со Фондот за здравство кога не одобруваше средства за лекување на некои деца, најчесто болни од леукемија. Со притисок од медиумите многу деца се спасија. Но, имаше случаи кога се изгуби драгоцено време, кога веќе беше предоцна. Заради тоа започна праксата со хуманитарни концерти и акции, а подоцна и со броевите за донации.

Но, законодавецот, државата очигледно не го регулирал добро тоа. Се појавуваат злоупотреби, можеби не многу, но доволно за да обесхрабрат некого следниот пат да помисли дали ќе донира.

Понекогаш, во текот на овие години работење  се прашував зошто се појавуваат вакви случаи кога човечкото око станува  ненаситно. Прво семејствата молат за помош, а кога ќе соберат доволно средства се обидуваат да добијат уште повеќе. Знам за неколку случаи кога остатокот од парите што останале или се вишок, не сакаа да ги префрлат на друго дете на кое му се неопходни. Се сеќавам за случај кога преку донации и хуманитарни концерти се собраа средства за едно девојче, многу повеќе од што им се потребни, а семејството не сакаше да префрли дел од тие средства на друго дете на кое му беше неопходно лекување во странство со истата, опака болест. Двете семејства се скараа, а потоа почина девојчето, по неа и момчето. Трагедија. Каде отидоа толкави суми на средства што можат да спасат нечиј друг живот, никогаш не дознавме. А, решението е едноставно, треба да се даде отчет каде се потрошени донираните средства. За да нема недоразбирања, треба да се знае дека има исклучителни луѓе, случаи кога целата сума на пари била префрлена на некое друго дете, кога завршило лекувањето или пак, детето починало. Како една мајка неодамна, чиј син почина. Тие луѓе се за почит. Но, се ретки.

Кој ги контролира донациите во оваа држава? Како оди патот на парите од донациите, од самиот почеток до крај? Има ли санкции за тие што ќе ги злоупотребат парите од граѓаните? Ова се прашања кои си ги поставував уште многу одамна, уште додека работев во А1 телевизија, ама еве одговор нема ниту денес. Зборувам за сериозен, содржаен одговор поткрепен со добар закон.

„Ние сме во постојан контакт со семејствата, знаеме како се одвиваат работите“, велат во еден од мобилните оператори. Но, дали тоа е доволно? Дали знаат што се случува со парите откога ќе се затвори  бројот за донации? Одговорот е, не.

Во ова држава има многу деца на кои навистина им е неопходно лекување во странство. Затоа граѓаните несебично донираат преку мобилните оператори, а социјалните мрежи се полни со апели за помош. И треба да донираат, ние сме хуман народ. Но, не смееме да дозволиме да има манипулации и злоупотреби. Затоа треба да знаеме на кого донираме и како ќе бидат употребени тие средства. Тоа е нешто што се вика доверба  која не смее да се изгуби, зашто така губат многу деца чиј живот зависи од нашата хуманост.

Се контролираат ли сметките во банка? Постои ли можност криминални групи да отвораат сметки  во име на некое болно дете? Праксата покажува дека не се контролираат. Така граѓаните се манипулирани и искористени.

Истражувајќи на оваа тема деновиве, не можев да најдам ниту соговорник кој ќе го образложи и така скудниот закон. Да, каже дали и каде треба да се менува, што треба да се исфрли, што да се додаде. За нашите правни експерти оваа проблематика не е доволно провокативна или пак, сметаат дека не е време на промени, во ваква деликатна ситуација во која се наоѓа државата. Ниту Министерствата за правда и финансии немаат иницијатива  да се сменат работите, по последната промена на еден член минатата година.

Сето ова создава конфузија која мора да се доведе во ред. Законите да регулираат и санкционираат, оние што имаат потреба, да отвораат сметки за донации, а граѓаните да ја покажат својата хуманост без сомнеж и страв дека ќе бидат излажани. Само така со доверба, помошта ќе стигне до оние на кои вистински им е потребна, а  хуманоста нема  да ја спречи ниту  сиромаштијата, ниту економската криза во државата.

броеви донации злоупотреба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.