Еквадор му го укина пристапот до интернет на Џулијан Асанж, објави Викиликс, со што неговиот основач се најде во документите што ги објавува овој сајт. За ова Викиликс ги обвини САД и британската Влада, кои се засегнати од објавувањето на тајните материјали.
Еквадор повтори дека се одлучни да го заштитат Асанж иако пристапот до интернет на основачот на Викилинкс намерно е прекинат, објавува сајтот.
Во твитот објавен вчера наутро Викиликс обвинува една држава како одговорна за укинување на пристапот до интернет на Асанж, кој веќе 4 години живее во амбасадата на Еквадор во Лондон.
Во твитот се наведува дека групата започнала со план за соодветно да одговорат на тоа.
Викиликс информацијата за овој настан не ја објави веднаш и твитот предизвика голем број рекации и коментари, како и шпекулации на социјалните мрежи во светот.
За многумина не е случајно што на Асанж му бил укинат интернетот веднаш по објавувањето на уште една серија електорнски писма од менаџерот на кампањата на претседателскиот кандидат во САД Хилари Клинтон.
Викиликс во саботата објави три транскрипти од говорите на Клоинтот платени од Голдман Сакс, чиј тим за кампања долго време не сакаше да ги објави.
Тие покажуваат како таа комуницирала со извршни директори во банката, што поттикна сомнежи меѓу либералните демократи дека таа е премногу блиска до Волстрит.
Од кампањата на Клинтон ниту ја потврдија ниту ја демантираа автентичноста на електронските писма, но нема индикации дека тие се лажни.
Засега нема ниту индиции дека некој од тимот на Клинтон или некоја политичка партија стои зад случувањата со Асанж.
Исто така не се знае ниту мотивот на Еквадор за укинување на интернетот.
Извор од владата на Еквадор за АП изјавил дека немаат намера да одговараат на шпекулации на социјалните мрежи и дека Еквадор ќе продолжи да го заштитува Асанж и ќе му го продолжи политичкиот азил кој му го гарантираат од 2012 година.
Асанж во Шведска се гони за сексуален напад, што тој го негира, но е уверен дека доколку ја напушти амбасадата во Лондон ќе биде екстрадиран во САД каде би бил испрашуван за активностите на Викиликс.




