Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И болни и понижени

0
By Менче Атанасова Точи on March 16, 2017 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Навистина страшно, но беше прашање на време кога ќе се случи. Очекувано за ваков здравствен систем. Двајца пациенти од Крива Паланка починаа бидејќи возилото од брза помош се расипало на патарината, на пат кон Скопје. Тој што ја соопшти веста на медиумите веројатно имал причина да се крие зад измислена електронска адреса. Претпоставувам дека се плашел за својата безбедност или за сигурноста на своето работно место или бил пациент на кој совеста не му дозволила да молчи, очигледно.

Се покажа дека е точно. На возилото на Итната медицинска помош му откажале сопирачките и можело да заврши во некоја провалија. Додека чекале  час и половина  да стигне друго возило од скопската Итна медицинска помош, двајцата тешко болни пациенти кои биле внатре еден до друг, починале. Едниот бил со трансплантиран бубрег, другиот се гушел, имал белодробна болест.

Апсурдно и морбидно е правдањето на директорот на Здравствениот дом, дека причината за смртта не е расипаното возило, тие и без тоа ќе починеле. Неговите претпоставени во Министерството за здравство сега ќе го регистрираат случајот како уште еден во кој никој нема да одговара.

Всушност, кој да одговара во Крива Паланка. „Дотепани “ се и без тоа. Со дотрајани возила за брза помош и Здравствен дом во кој нема инфузија кај да се закачи. Важно директорот е партиски кадар, да се знае. Тоа е најважно. Министерот Тодоров нема зошто да одговара нели? Тој никогаш не се чувствува виновен. Згора на се зафатен е со набавка на скапа медицинска опрема со која нема кој да работи. Тој им ја носи НАСА во болниците,  зарем треба да им набавува нови возила или да  вработува возачи. Да, ова се случува во земја во која човечкиот живот нема вредност.

И не е првпат да се случи вакво нешто. Пред неколку години пациент од едно кумановско село  почина на пат кон Скопје, кога возилото с е расипало кај патарината.  А, колку случаи има што не ги знаеме?

Во една прилика кога со возилото на брзата помош придружував близок роднина од еден град во внатрешноста до Скопје, возачот ми раскажа многу слични приказни. Човекот беше избезумен, револтиран, не наспан. Ми раскажа дека во болницата има само двајца возачи, а во моментот едниот бил на боледување. Рече дека немал спиено 24 часа и само што легнал да отспие го викнале за итниот случај. И како нема да правиме сообраќајни незгоди, рече. Како нема да заспиваме по пат? Возиме со стари истрошени возила. Кога ќе стигнеме на скопските клиники јас сум и болничар и шофер, јас го кревам и транспортирам пациентот, додека лекарот чека и моли да биде хоспитализиран. Ова е хорор, не е здравство, ми рече.

И навистина е хорор. Никој не го интересира ништо во општиот хаос. Директорите на болниците велат има лекови, а всушност нема. Ништо нема. Постојано одговараат дека тендерите се во тек, а луѓе умираат заради немање тубуси или мали делчиња од пет пари кои може да спасат живот.

Често се случува возилата на Итната медицинска помош да кружат низ Скопје со пациенти кои ниту една болница не сака да ги прими. Кружат и со социјални случаи на кои здравствените установи им затвораат врата,  луѓе во тешка здравствена состојба за кои никој не се грижи. Тоа се приказни од реалниот живот.  Моменти на очај. Секојдневие, во кое наместо болници и домови за стари и изнемоштени се градат споменици на знајни и незнајни јунаци, на барокни згради. Ова е време во кое едни го слават животот и се расфрлаат со трошење пари,  додека други умираат понижени во искршените возила  на брзата помош. Време на апсурдот, на сјајот и бедата на нашето општество.

брза помош очај пациенти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.