Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И болни и понижени

0
By Менче Атанасова Точи on March 16, 2017 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 16, 2017 11:31

Навистина страшно, но беше прашање на време кога ќе се случи. Очекувано за ваков здравствен систем. Двајца пациенти од Крива Паланка починаа бидејќи возилото од брза помош се расипало на патарината, на пат кон Скопје. Тој што ја соопшти веста на медиумите веројатно имал причина да се крие зад измислена електронска адреса. Претпоставувам дека се плашел за својата безбедност или за сигурноста на своето работно место или бил пациент на кој совеста не му дозволила да молчи, очигледно.

Се покажа дека е точно. На возилото на Итната медицинска помош му откажале сопирачките и можело да заврши во некоја провалија. Додека чекале  час и половина  да стигне друго возило од скопската Итна медицинска помош, двајцата тешко болни пациенти кои биле внатре еден до друг, починале. Едниот бил со трансплантиран бубрег, другиот се гушел, имал белодробна болест.

Апсурдно и морбидно е правдањето на директорот на Здравствениот дом, дека причината за смртта не е расипаното возило, тие и без тоа ќе починеле. Неговите претпоставени во Министерството за здравство сега ќе го регистрираат случајот како уште еден во кој никој нема да одговара.

Всушност, кој да одговара во Крива Паланка. „Дотепани “ се и без тоа. Со дотрајани возила за брза помош и Здравствен дом во кој нема инфузија кај да се закачи. Важно директорот е партиски кадар, да се знае. Тоа е најважно. Министерот Тодоров нема зошто да одговара нели? Тој никогаш не се чувствува виновен. Згора на се зафатен е со набавка на скапа медицинска опрема со која нема кој да работи. Тој им ја носи НАСА во болниците,  зарем треба да им набавува нови возила или да  вработува возачи. Да, ова се случува во земја во која човечкиот живот нема вредност.

И не е првпат да се случи вакво нешто. Пред неколку години пациент од едно кумановско село  почина на пат кон Скопје, кога возилото с е расипало кај патарината.  А, колку случаи има што не ги знаеме?

Во една прилика кога со возилото на брзата помош придружував близок роднина од еден град во внатрешноста до Скопје, возачот ми раскажа многу слични приказни. Човекот беше избезумен, револтиран, не наспан. Ми раскажа дека во болницата има само двајца возачи, а во моментот едниот бил на боледување. Рече дека немал спиено 24 часа и само што легнал да отспие го викнале за итниот случај. И како нема да правиме сообраќајни незгоди, рече. Како нема да заспиваме по пат? Возиме со стари истрошени возила. Кога ќе стигнеме на скопските клиники јас сум и болничар и шофер, јас го кревам и транспортирам пациентот, додека лекарот чека и моли да биде хоспитализиран. Ова е хорор, не е здравство, ми рече.

И навистина е хорор. Никој не го интересира ништо во општиот хаос. Директорите на болниците велат има лекови, а всушност нема. Ништо нема. Постојано одговараат дека тендерите се во тек, а луѓе умираат заради немање тубуси или мали делчиња од пет пари кои може да спасат живот.

Често се случува возилата на Итната медицинска помош да кружат низ Скопје со пациенти кои ниту една болница не сака да ги прими. Кружат и со социјални случаи на кои здравствените установи им затвораат врата,  луѓе во тешка здравствена состојба за кои никој не се грижи. Тоа се приказни од реалниот живот.  Моменти на очај. Секојдневие, во кое наместо болници и домови за стари и изнемоштени се градат споменици на знајни и незнајни јунаци, на барокни згради. Ова е време во кое едни го слават животот и се расфрлаат со трошење пари,  додека други умираат понижени во искршените возила  на брзата помош. Време на апсурдот, на сјајот и бедата на нашето општество.

брза помош очај пациенти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.