Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И да го преживее гласањето доверба, премиерскиот мандат на Борис Џонсон е далеку од безбеден – анализа на Си-Ен-Ен

0
By Mirjana on June 6, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во понеделник навечер, Борис Џонсон ќе се соочи со најтемниот момент од неговата премиерска функција, откако по неколкудневните шпекулации, конечно беше објавено  дека биле поднесени доволно писма од неговите пратеници од Конзервативната партија за да се изгласа доверба на неговото раководство.

Писмата доаѓаат по неколку месеци откако Џонсон беше опфатен со таканаречениот скандал „Партигејт“ односно информации за забави на Даунинг стрит во време на локдаун, и откако беше исвиркан во јавноста за време на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата.

И покрај очигледниот стрес од соочување со гласање што на крајот би можело да го оконча неговото време на функција, Џонсон до одреден степен ќе биде ослободен поради повеќе од една причина.

Прво, бунтовниците кои тајно подготвувале заговор да се ослободат од него, конечно се принудени да се покажат јавно. За тој да го изгуби гласањето, 180 или 50 отсто плус еден од конзервативните пратеници на Џонсон, ќе треба да гласаат против него. Секој пратеник за кој во моментов се смета дека е на платниот список на владата се очекува да ја поддржи владината позиција и очигледен став на владата на Џонсон е тој да остане на власт. Се смета дека има околу 180 пратеници на платниот список на владата, меѓу нив министри, парламентарни приватни секретари и партиски потпретседатели, и поради нејасниот распоред на луѓе кои служат на не јавни работни места, тешко е да се добие точен број.

Второ, ова е многу порано, отколку што многумина очекуваа гласањето да се одржи. Конзервативците се борат против два клучни дополнителни избори подоцна овој месец и колку и да е непопуларен Џонсон, користењето партиски ресурси за наоѓање замена наместо кампања за тие места е очигледно далеку од идеално.

Трето, ниту еден од неговите ривали не е подготвен. Не постои јасен единствен кандидат формиран со политички или финансиски поддржувачи за да се направи транзицијата што е можно понепречена. Ова би го направило секој лидерски натпревар во тотален хаос, бидејќи партијата е поделена на идеолошки линии во повеќе области на политиката – вклучувајќи го Брегзит и економската политика.

Поради сите овие причини, исклучително е веројатно дека Џонсон ќе го преживее гласањето. Тоа, сепак, не значи дека неговиот кошмар е завршен.

Придржувањето кон власта со перцепираниот кукавичлук на неговите пратеници нема да ја промени страшната оценка на Џонсон од јавноста. Тоа ќе го направи седечка патка за напади од сите страни на политичкиот јаз. Малку е веројатно дека бунтовниците во неговата партија одеднаш ќе замолчат. Конвенционално, добивањето гласање за доверба како лидер на конзервативците значи дека сте имун од друго гласање 12 месеци. Сепак, можно е овие правила да бидат препишани од Конзервативната партија.

Ако се чини дека партијата се движи во оваа насока, тогаш Џонсон би можел да свика предвремени избори за да ја зајакне својата поддршка меѓу пратениците. Тоа би бил драстичен, ризичен потег, но тоа би можела да му биде единствената карта за игра.

Преземено од Си-Ен-Ен 

Борис Џонсон Британски премиер соочен со гласање доверба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.