Ана Симонова: Денес видов нешто што не треба никој да го види.
Дом за стари лица – пренаменет од напуштен хотел. Не дом. Не грижа. Туку занемарен простор каде достоинството умира тивко.
Синтелонот во ходникот – валкан до одвратност. Тоалетите – измачкани со измет. Мирисот – тежок, понижувачки. А тие што треба да се грижат? Негувателки и персонал што изгледаат запоставено, без трага од професионалност и хигиена.
Побаравме да видиме соба. Само една. Да видиме каде спијат тие луѓе. Стоеја пред вратата како обезбедување. Не нè пуштија.
Но и тоа што го видовме надвор беше доволно. Доволно за да замислиме што има зад затворените врати.
Таму некој ги оставил своите мајки. Татковци. Луѓе што некогаш носеле, хранеле, школувале, се жртвувале.
47.000 денари месечно.
За што?
За понижување?
За нечовечки услови?
За осаменост во валкани ѕидови?
Кај ќе ви оди душата?
Староста не смее да биде казна.
Родителите не смеат да завршат како товар складиран зад затворени врати.
Дом за стари лица треба да значи грижа, чистота, достоинство, топлина.
Сè друго е срам. И грев.
Инспекции дали има?
Дом Астреон Банско.
И, ДА СЛОБОДНО СПОДЕЛЕТЕ.
Извор: Фејсбук



