Министерството за здравство информира дека од направени 1.489 тестови регистрирани се 511 нови случаи на ковид-19, последното деноноќие.
Над половина од бројот на новозарзени се регистрирани во Скопје 276. Бројот во другите градови е следен:  Куманово, Кавадaрци и Охрид – по 27, Велес – 23, Битола – 22, Тетово – 17, Прилеп – 15, Штип – 13, Струмица и Кочани – по 12, Радовиш и Делчево – по 6, Гостивар, Струга, Гевгелија и Неготино – по 4, Крива Паланка – 3, Ресен, Свети Николе и Кратово – по 2, Берово, Валандово и Богданци – по 1.
Од вкупниот број на позитивни 511, регистрирани се  129 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“ регистрирани се две починати лица од Скопје (72 год. и 88 год.),  едното лице е починато во болнички услови, а другото лице во домашни услови. Лицата се починати на ден 05.07.2022.
Бројот на активни случаи изнесува 1.889.