Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанкулоска и Јанакиески добија затворски казни, Протуѓер условна во „Титаник“

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 28, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: Денешен.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Две и пол години затворска казна за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, 4 години и 6 месеци за Миле Јанакиески, условна казна за Мартин Протуѓер пресуди судечкиот совет во судскиот процес „Титаник“ во кој претходно обвинетите за изборни нерегуларности признаа вина.

Јанкулоска затворската казна ја доби поради „злосторничко здружување“, „повреда на слобода на определување на избирачите“ и „повреда на избирачко право“

Условна казна доби и Билјана Бришковска, поранешна заменичка во Министерството за правда која исто така како и претходните обвинети поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ призна вина.

Условните казни затвор од 2 години за Протуѓер и Бришковска, според судечкиот совет, нема да се извршат ако во рок од 5 години не сторат ново кривично дело. Условни казни се пресудени и за Катерина Велковска и Кирил Тодоровски. Бришковска-Бошкоски е осудена поради фалсификување на исправа, Катерина Веловска поради повреда на слобода на определување на избирачите, а Киро Тодоровски поради повреда на избирачкото право.

Претседателот на Судечкиот совет, Осман Шабани, рече дека како отежнувачки околности за Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоски Судот посебно го ценел фактот што противправните дејствија ги сториле во улога на министер за транспорт и врски, односно министер за внатрешни работи, околноста што истите се досега осудувани и се водат други постапки. Околноста за осудуваност ја посочи и за обвинетиот Мунир Пепиќ.

Како олеснителни околности ги наведе признанието на вина, коректното однесување, личните и семејни прилики како и здравствената состојба.

За обвинетите Мартин Протуѓер, Билјана Бришковска-Бошкоски, Катерина Веловска, Киро Тодоровски и Коста Митроски судот го ценеше тоа што истите не се досега осудувани и против нив не се води постапка за друго кривично дело.

Мерка куќен притвор побара обвинителката Лиле Стефанова, да му биде определена на Јанакиески:

– Фактот што обвинетиот Миле Јанакиески веќе е осуден од овој суд со казна затвор од 6 години и 3 месеци, како и фактот што против него се водат и други кривични постапки, од една страна, а од друга страна имајќи го предвид фактот што тој има влошена здравствена состојба поради причини на опасност од бегство, предлагам спрема обвинетиот да биде определена мерка куќен притвор која ќе трае до започнување на издржување на казна затвор.

Обвинителството ги терети за неколку кривични дела –  злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Мартин Протуѓер, Миле Јанакиески, Катерина Веловска, Гордана Јанкулоска, Мунир Пепиќ, Билјана Бришковска-Бошкоски, Кирил Тодоровски и Коста Митроски се обвинетите кои признаа вина на претходното рочиште. Тие претходно  побараа, при изрекувањето на пресудата, судот да ги има предвид сите олеснителни околности, а обвинителката Лиле Стефанова побара ублажување и условување на казните.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, и обвинетите кои признаа вина, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Илија Димовски, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Станко Коруновски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Случајот „Титаник“ го води судијата Осман Шабани, додека, обвинението го застапува обвинителката Лиле Стефанова.

Судењето за останатите обвинети во случајот кои се изјаснија дека не се чувствуваат виновни се очекува да продолжи на 9 март.

С.М.

 

„Титаник“ Кривичен суд пресуда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.