НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И кога огнот запре, мирот останува далеку од Газа

0
By Marija Todorovska on January 16, 2025 ТЕМА
Фото: Sky News
Фото: Sky News
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не можам да поверувам дека преживеав и го дочекав овој момент. Ова го чекаме без здив уште откако почна војната – изјави за Ројтерс 17-годишната Палестинка Санабел.

Митко Билјаноски

Целта на договорот е огнот да прекине, Хамас да ги ослободи сите преостанати израелски заложници, Израел да пушти од затвори неколку илјади Палестинци и полека да ги повлекува своите трупи од Газа за да можат раселените лица да се вратат во своите домови

Израел и Хамас ги усогласија последните детали и го потпишаа договорот за прекин на огнот во Газа и за размена на израелски заложници за палестински затвореници, но содржината на документот не отвора голема надеж за враќање траен мир во палестинскиот појас Газа.

Откако и Хамас и Израел се согласиле со трите клучни фази дефинирани во договорот, Вашингтон како посредник брзаше документот да биде потпишан додека не завршил претседателскиот мандат на Џо Бајден в понеделник на 20 јануари.

Целта на договорот е огнот да прекине, Хамас да ги ослободи сите преостанати израелски заложници, Израел да пушти од затвори неколку илјади Палестинци и полека да ги повлекува своите трупи од Газа за да можат раселените лица да се вратат во своите домови.

Но, експерти забележуваат дека во брзањето да се потпише документот, договорот не содржи цврсти гаранции дека ќе биде спроведен и се верува дека нема да може да преживее подалеку од првата фаза.

Израел прифати да потпише документ со Хамас, наместо да ја заврши воената кампања прогласувајќи дека целосно ја искоренил терористичката група од Хамас. Но, спорно е тоа што Израел во исто време го задржува правото од непосредна близина и на неодредено време да ги следи обновата на Газа и формирањето на новите власти и да интервенира со сила ако се чувствува загрозен.

Прва фаза од 42 дена

Претставникот на израелската влада Давид Менсер изјави дека е предвидено првата фаза да трае 42 дена. Хамас треба да ослободи 33 израелски заложници – деца, жени, повозрасни лица, болни и ранети. Менсер признава дека некои од 33-те лица на доставениот список повеќе не се живи. Хамас при нападот на 7 октомври 2023 година грабна и однесе во Газа вкупно 251 заложник. Од нив, денес 94 се сè уште во Газа, но Израел смета дека само околу 60 ги преживеале заложништвото и војната.

Процесот би почнал со ослободување тројца заложници, а другите ќе бидат пуштани на слобода во мали групи во период од шест недели. На секое ослободување заложници, Израел ќе треба да пушти на слобода одреден број Палестинци од своите затвори, вкупно илјада. Како што се зголемува бројот на ослободени лица од двете страни, така израелските трупи полека ќе се повлекуваат од населени региони во Газа.

На 16-тиот ден од прекинот на огнот, ако договорот не биде прекршен, би почнала втората фаза, која опфаќа ослободување на преостанатите израелски заложници – војниците и резервистите грабнати од Хамас. Израел во исто време ќе продолжи да ослободува палестински затвореници.

При индиректниот дијалог, воден преку посредници, Израел и Хамас преговарале за секое име од затворениците што треба да бидат ослободени. Од вкупно 1.000 на списокот, 190 отслужуваат затворски казни подолги од 15 години. Анонимен израелски офицер изјавил за Би-би-си дека нема да бидат пушени на слобода Палестинци што отслужуваат казни поради убиство.

Во втората фаза, паралелно со повлекувањето на израелските трупи, ќе почне и враќање на раселените Палестинци во домовите во северните региони што беа прогласени за воена зона и во кои беше забрането присуство на цивили. Огромно мнозинство од вкупно 2,3 милиони жители на Газа беа принудени да ги напуштат домовите, а многумина од нив се раселуваа повеќепати. Се смета дека повеќе од 1 милион немаат каде да се вратат, бидејќи домовите им се уништени.

Најспорна е третата фаза, која е и најдолга – реконструкција на Газа и формирање нови власти, без елементи на Хамас. Се очекува оваа фаза, ако воопшто стигне до неа и ако не биде прекршена, да се одвива со години.

Надеж, вознемиреност и нервоза

Израел инсистира во тој долг и временски сѐ уште неограничен период да задржи свои воени сили во Газа, во тампон-зона надвор од населени места.

Се чека на ослободувањето на израелските заложници – Фото ЕПА, Абир Султан

Наспроти огромната недоверба помеѓу завојуваните страни и отсуството на строги рокови и обврски, Палестинците во Газа, како и роднините на израелските заложници сепак имаат надеж дека договорот ќе функционира и дека ќе донесе мир.

Не можам да поверувам дека преживеав и го дочекав овој момент. Ова го чекаме без здив уште откако почна војната – изјави за Ројтерс 17-годишната Палестинка Санабел.

Претпазлив оптимизам изразува и Шарон Лифшиц, чиј татко Одед е меѓу израелските заложници на Хамас.

Се обидувам да дишам. Се обидувам да бидам оптимист. Се обидувам да си замислам дека е можно сите заложници да се вратат – вели Лифшиц.

Таа не слушнала ништо за својот татко од ноември 2023 година, кога во тогашното краткотрајно примирје не добила вести од ослободена жена што била во заложништво заедно со Одед.

Знаеме дека ќе ни бидат скршени срцата. Знаеме дека некои (од заложниците) повеќе не се живи. Со голем очај чекаме да бидат пуштени првите од преживеаните за да им се вратат на семејствата – изјави Лифшиц.

 

Таа додава дека мнозинството Израелци долго време попусто инсистирало на постигнување договор со Хамас за прекин на огнот. Како пресудни фактори за новото приближување до договор, таа ги оценува притисоците од актуелниот и идниот американски претседател, Џо Бајден и Доналд Трамп, врз израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Се чини дека голем дел од овој договор беше на масата уште во јули. Од јули до сега загинаа многу, многу заложници. И војници и Палестинци. Толку многу страдање – изјави Лифшиц.

Младата Палестинка Санабел раскажува дека со своја другарка веќе се договараат што ќе прават кога пукањето ќе заврши.

Откако ѝ се јавив, пукна голема бомба близу мене. Тоа ме потсети на прекинот на огнот во ноември 2023 година. И тогаш имаше големи бомби и силни експлозии. Навистина се плашам дека тоа ќе се повтори. Не сакам да изгубам уште некој член на семејството во последните часови од оваа војна. Не сакам прекин на огнот што ќе трае една година или пет месеци. Сакам долг прекин на огнот, што ќе трае додека сме живи – вели палестинската девојка.

Трамп одговорен за иднината на Газа

Американскиот државен секретар во заминување Ентони Блинкен најави дека на својот наследник од администрацијата на Доналд Трамп ќе му го предаде планот за обнова и реконструкција на Газа кога ќе стивне оружјето и кога ќе бидат ослободени заложниците.

Планот на сегашната администрација не предвидува Палестинските власти брзо да ја преземат контролата врз Газа од Хамас. Надвор од контрола на Палестинците ќе биде и безбедноста. За неа ќе бидат задолжени мировници од други земји, пред сè од арапски, како и мал број Палестинци што ќе поминат низ строги контроли.

Израел сѐ уште не прецизирал колку војници ќе задржи во Газа и кои локации ќе бидат прогласени за тампон-зони. Единиците што „привремено“ ќе останат на територијата на Газа ќе имаат мандат брзо да интервенираат ако се укаже потреба, за да спречат загрозување на безбедноста на Израел.

Текстот е сопственост на Слободен Печат

војна Договор заложници Израел прекин на огнот Хамас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.