Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И по два дена, причината за смртта на загинатите останува мистерија

2
By Нова ТВ on August 8, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Како загинаа луѓето во невремето? Дали се удавија, се повредија, починаа од природна или насилна смрт? Каде, на кое место? Во автомобил, во домовите, на улица, на обиколница? По два дена од оваа трагедија, одговори на овие прашања и натаму нема.

Од МВР велат дека овие информации не се во нивна надлежност, па не упатија во Кризниот штаб и Центарот за управување на кризи. Од оваа институција не препратија во Владата, кај владиниот портпарол Александар Георгиев.

Но, таму пак, наидовме на молк, и тој воопшто не одговара на повиците.

Од Јавното обвинителство соопштија дека критичната вечер јавен обвинител не излегол на терен, бидејќи нема ингеренции да постапува во услови на елементарни непогоди и во случаи каде нема сомнение за сторено кривично дело. Откако дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје бил известен од МВР тој ги дал сите потребни инструкции за постапување на полициските екипи на терен. Оттаму објаснуваат и зошто обвинителот не наредил обдукција на телата на загинатите.

„Преглед и обдукција на леш ќе се преземе кога постои сомневање дека смртта е предизвикана со кривично дело”. Со оглед на тоа што во случајот не постоеше сомнение за сторено кривично дело, надлежен јавен обвинител не издаде наредба за обдукција туку даде насока телата на починатите да се однесат во капелата во Бутел за идентификација и потоа да се предадат на семејствата за погреб. Секако, според насоките дадени од јавниот обвинител, за секоја спорна смрт и за лица на кои не може да се утврди идентитетот дополнително ќе се изврши обдукција.“, велат од Јавното обвинителство на Марко Зврлевски.

Истовремено дежурниот јавен обвинител од страна на полициските екипи бил известен дека на теренот каде беа пронајдени телата не може да се врши увид и фотографирање, затоа што е непристапен и непрооден, а на истиот пристап имаат само специјални единици од МВР и од АРМ со чамци и оклопни возила, објаснуваат од Јавното обвинителство.

Досега бројот на загинати достигна до 22, а како исчезнати се водат 6 лица. Нема информација како е вршена иденфтификацијата на жртвите и клучното прашање е зошто не е направена обдукција на телата, која е законски задолжителна во вакви случаи.

13934745_934026660052666_2261604765090646483_n

На пример, кога пред 7 години се удавија 15 бугарски туристи, на сите тела беше направена аутопсија, а нивните роднини доаѓаа во Институтот за судска медицина во Скопје за да извршат идентификација.

Во последната трагедија во Скопје, заобиколени се сите протоколи и законски процедури. Според информациите на НОВА, при секоја ваква вонредна ситуација, Кризниот штаб дава инструкции за формирање на идентификациски тимови, во кои задолжително има претставник од Институтот за судска медицина.

Овој пат, тоа не е сторено, не е направена обдукција, а нема информација, ни како е извршена идентификацијата на жртвите.

Извори за НОВА велат дека четири тимови во Институтот за судска медицина се подготвени за работа и чекаат инструкции од Кризниот штаб, но досега никој од оваа институција не побарал да се вклучи во делот на утврдување на причините на смртта на починатите.

Според неофицијални информации, телата на загинатите веднаш се пренесени во капелата во Бутел, а посмртници потпишувале лекари од Итната медицинска помош.

 

Институт за судска медицина невреме обдукција поплава Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.